Инсистираат на предвремени избори

Стоилковски: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи за учество на Мицкоски на лидерската средба

ВМРО-ДПМНЕ  сѐ уште нема јасен став дали претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе учествува на лидерската средба која ја свика премиерот Зоран Заев за в петок. 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во изјава за МКД.мк вели дека за поканата и за тоа дали Мицкоски ќе оди во Клубот на пратеници в петок ќе разговара и ќе одлучи партиското раководство. 

Во меѓувреме, партијата останува на ставот дека на лидерска средба треба да се разговара за предвремени парламентарни избори. 

„Нашето барање е создавање услови за предвремени парламентарни избори. А Зоран Заев зборува за прашања кои не се дел од европската агенда, освен можеби Законот за Јавно обвинителство. За овој закон е потрошено време без никакви резултати. Со неговиот повик за лидерска средба Заев само купува време и внимание, за да го одвлече вниманието од аферите во кои е вплеткан”, ни изјави Стоилковски. 

Заев денеска на прес-конференција ги повика Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на лидерска средба в петок на кој ќе се разговара за Изборниот законик, за Законот за ЈО и за пописот. Села веќе ја прифати поканата.

„Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира“, информираа од кабинетот на Села.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе