Пред Обвинителството

Стоилковски побара одговор како Филипче со државна плата стигнал до имот од 15.500 м2 на Водно

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Основното јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство поднело, како што информира партискиот портпарол Наум Стоилковски, „индиции за сторен криминал и можна корупција во врска со скандалот Шпанско село 2“, што според нив, е во режија на министерот за здравство Венко Филипче.

„Ги поднесовме индициите и очекуваме институциите сами овој пат да поработат експедитивно, како што експедитивно поднесуваат обвиненија и носат пресуди кога станува збор за оние што имаат критика кон власта, кон октоподот, кон Зоран Заев, па да видиме со каква експедитивност ќе поработат Вилма Русковска, Љубомир Јовески и другите обвинители во Републичкото и основното јавно обвинителство, како и обвинителството за организиран криминал и корупција“, изјави Стоилковски.

Тој појасни дека сметаат оти има сериозни индиции кои што одат до откривање на сериозен криминал и корупција, на кршење на законот за јавни набавки.

„Сметаме дека со ова ќе се покаже дали Венко Филипче ќе остане незаменлив за октоподот на власт предводен од Зоран Заев или пак хибридниот режим ќе упати порака „многу си ги одбрал друже“, рече тој и додаде дека очекуваат реакција од Јавното обвинителство.

 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе