На Попова Шапка, како што рече, порасна цело едно село, ама никој не смее да мрдне.
„Владее градежна анархија среде туристички зимски скијачки центар. Околу 80 објекти се градат на државно земјиште, среде она што треба да биде национален парк, а никој не ги руши, ниту пак одговара за тоа. Општината Тетово и градоначалничката Теута Арифи, СВР Тетово, Јавното обвинителство, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, министерството за транспорт и врски - никој не реагира, иако граѓаните се здружија и бараат реакција. Еве прилика за популистите Зоран Заев и Али Ахмети, по примерот на ‘Мавровка‘, да ги упатат багерите тука“, изјави Стоилковски.
Тој додаде дека нема да изреагираат ниту Ахмети, ниту Заев, бидејќи реагирале само ако се загрозени бизнисите и, како што рече, се откријат лица, градоначалници и други од власта кои што на пример издале документи за легализација или за постапки какви што законски не смееле.
„Мавровка во Скопје покажува дека постои голема веројатност целиот евтин кримитеатар да сопре постапка во која што треба да одговараат градоначалници и други вмешани за злоупотреба и за туркање бесправна легализација. Рушат на диво онака како што е и изградено, на диво. Без ингеренции од општината и елаборати за рушење. Ако веќе рушат, еве нека рушат и кај касарната во Илинден, нека срушат и тука на Шапка, и во Охрид кај советникот Нефи и многу други диви изградени објекти. Зад рушењето кај ‘Мавровка‘ стојат огромни отворени прашања, дали и како е отсечено парче од градежната парцела на ‘Мавровка‘. Дали и како е направена приватизација на земјиште на кое што имало маси и столици, односно урбана опрема.
Градоначалниците на Чаир, ама и на Скопје Шилегов треба да одговорат како се спроведувала легализацијата, ако времени објекти настрешници не се предмет на приватизација.
Понатаму, врз каков документ и надлежност Владата руши дивоградба, ниту има преземено надлежност од локалната власт, ниту има елаборат за рушење. Притоа секој знае дека просторот при вакви зафати мора да е обезбеден, но тука станува збор за евтин театар и тоа криминален“, рече Стоилковски.