Стоилковски: Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор

Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор. Седете си вие дома тие ќе си се гоштеваат во Хотел Туто во Јанче!, напиша на Фејсбук потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Седете си вие од 20ч дома, може и од 18 од следна недела; економијата нека пропаѓа, што знаат оние со мотори од 30 и кусур илјади евра за криза; ќе ве вакцинираат некогаш, а можеби ни тогаш...

Во меѓувреме Заев ќе контролира и ќе се јавува кој може да вози транзит низ земјава; кој може да влегува преку граница и да носи што сака; Филипче ќе разгледува терени за нова "касарна" и нов тендер; а заедно на мотори ќе смислуваат како да направат што поголема ујдурма за некоја провизија, знаејќи дека најголем сектор во влада им е за креирање перцепции и пласирање на "медиумска вистина".

До каде е забегано лудилото, зборува и чаршијата дека министерот за провизии поим немал од мотори, ама сега научил само и само да биде поблиску до тиранинот, а дали е вистина еве јас не знам, прашувам?

Не е ова режим, ниту само мафија, ова е ужас незабележан во Европа по падот на Чаушеску“, пишува Стоилковски.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе