ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Пендаровски како началник во МВР знаеше сѐ за гостиварските настани

Стево Пендаровски соочен со лагите и прашањата бега од ТВ дуели. За само една недела Пендаровски по втор пат бега и откажува телевизиски дуел со Гордана Сиљановска Давкова на македонските медиуми. Сите знаат зошто Пендаровски бега од вакви соочувања. Пендаровски бега затоа што нема одговор за сите криминали на власта за кои не смее да зборува, а се очекува да ги аминува, изјави попладнево Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ пред изборнит штаб на кандидатот на СДСМ.

„Зоран Заев и Стево Пендаровски се истото лице на криминалот  корупцијата, партизацијата, девастацијата на државата. Тоа е лицето на криминалот, на „октоподот“ наречен СДСМ што за жал повторно нова генерација Македонци ја преживува со нив. Затоа Пендаровски бега од ТВ соочување, бега од дуел, бега од дебата.

Стево Пендаровски е второто лице на Заев, транзициски политичар кој ниту еднаш не го осудил криминалот и корупцијата на СДСМ, ниту „октоподот во 90-те, ниту криминалот „Глобал“  за следната деценија, ниту за евро за Вицето, евро за црквата односно евро кај на Мирчо бишкарникот“,  ниту сега има збор за најгрубата партизација и афери за непотизам во државата“, рече Стоилковски.

Тој потстеи дека Пендаровски бил аналитичар во МВР за време на најголемото насилство против етничките Албанци во Македонија, гостиварските настани и тоа е зоупотребено за прикривање на најголемата девалвацијата на денарот истиот ден на 12 јули 1997 година.

„Стево Пендаровски сега нема ниту збор за изборен криминал конструиран од СДСМ а констатиран од ДИК, исто како што во 2004 година Пендаровски го легитимираше најголемиот изборен фалсификат, кога и ОБСЕ нотираше 8% криминални гласачки ливчиња во изборните кутии, а тој како претседател на ДИК ги одби сите приговори за насилства со пиштоли, калашникови и бомби!

Стево Пендаровски беше советник на претседател на државата, кога беше заштитен криминал од осум милиони евра, Заев како чувар на фотелјата во СДСМ беше аболиран за криминалот „Глобал“.

Стево Пендаровски, нема ниту збор за случајот „Поткуп“, очигледен криминал на градоначалник, на  Заев кој бара 200.000 евра поткуп за приватизација на државно земјиште, да биде срамот уште поголем нема ниту збор дека Заев од судот диктираше наводни судски реформи“, рече Стоилковски.

Тој е кандидат, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, од кого едноставно се очекува да го аминува криминалот на власта, тој треба да е вториот потпис на Зоран Заев, чувар кој треба да ги помилува криминалите на СДСМ во иднина. 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе