ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Пендаровски е лице од службите, транзициски профитер од непотизмот на СДСМ

Стево Пендаровски е олицетворение на транзицијата, лице од службите, заштитник на криминогеноста, 102,5% заштитник на владеење на заевизмот. Стево Пендаровски гаси микрофони кога меѓу нарачани говорници ќе се спомене бандитизмот на власта, го видовме тоа видовме во Прилеп, само и само да го заштити криминалот за кој што се обиде да зборува прелажаниот граѓанин. Гласот за Стево е глас за поддршка на криминалот од власта, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стево Пендаровски е транзициски профитер од непотизмот спроведуван од СДСМ аминуван од Зоран Заев. Ниту збор нема за партизацијата на државата, на администрацијата. Кандидат за претседател збор нема за партизацијата, местените огласи кои сега се и докажани. Се знае и зошто. Стево Пендаровски профитира токму од непотизмот и од партизацијата, Пендаровски се надева токму на контингенти гласовите од партизирана администрација. Поинаку не знае, поинаку не умее. Ниту тој, ниту Заев!

Затоа нема критика од Стево ни за криминалот, ни за партизацијата, ни за злоупотребите на државната администрација во кампањата. Глас нема од него за вработувањата и местените огласи од Кирацовски, од Костадинов, од Мира Дизел, од цело СДСМ. Збор немаше и нема да има за полнењето на администрацијата со 3.000 нови партиски војници, деца, внуци, роднини, мајки и дедовци на партиски функционери на СДСМ. Тоа и нема да го слушнете. Се знае и зошто, бидејќи смета токму на тие гласови. Македонија нема време за повторно преживување на транзицијата“, рече Стоилковски.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе