ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Пендаровски да го избрка Галетановски, шефот на изборниот штаб на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател, да го избрка од својот тим Ѓорѓи Галетановски, кој е директор на ЗОО, но и шеф на централниот штаб во Скопје, бидејќи наводно на фејсбук ја навредил Гордана Сиљановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа портпаролот Наум Стоилковски, станува збор за коментар на Галетановски објавен на неговиот фејсбук-профил.

„Велат, „логички у Бардовци треба да оди“ и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска-Давкова“, изјави Стоилковски.

„Стево Пендаровски пак на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска Давкова негираше дека кој било од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење, и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од кој било од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот кој што му ја води пи-ар стратегијата за време на оваа кампања. Господине Пендаровски очекуваме доследност во вашите ставови. Напуштете ја матрицата на Зоран Заев за негирање. Напуштете ја матрицата на заевизмот, на се што кажувате и спроведете го тоа што го ветивте пред целата македонска јавност, а за што впрочем ве потсетивме.  Доколку и овој пат не го испочитувате вашето ветување само ќе потврдите дека вие и Заев сте 102,5% исти“, рече Стоилковски.

Галетановски за медиумите изјави дека тој не ја навредил Сиљановска и дека како и многу други луѓе само ги споделува нејзините гафови.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе