Стоилковски: Одлуката на Уставниот суд за аболицијата е политичка, а не правна

Одлуката на Уставниот суд да ја отвори иницијативата за аболицијата во овој момент е политичка, а не е правна, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција. 

Според Стоилковски, само на политичар кој што е аболициран за тежок криминал, може да му текне да ја злоупотреби аболицијата во овој момент.

„ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека оној избегал од правдата на нечесен начин, со измама и со тоа дошол на власт, на ист начин, шверцерски повторно ќе се обиде да ги измами граѓаните и тоа е суштината на овој театар што го сервира деновиве Уставниот суд со темпирано отворање на иницијативата за разгледување на уставноста на член 11-а од Законот за помилување.

„Стотици иницијативи за многу посуштински закони кои што имаат огромно влијание на секојдневното живеење на граѓаните во Република Македонија со години се чуваат во фиока, но Уставниот суд одлучи дека токму оваа иницијатива, после цели три ипол години добива приоритет и треба да добие приоритет баш во ова време. Гледаме дека дури и самиот подносител на оваа иницијатива е зачуден како уставните судии одлучиле да ја земат да работат токму оваа иницијатива, токму во овој момент, иако самиот вели дека во исто време поднел пет иницијативи“, рече Стоилковски.

Според него, намерата е наместо да се говори за аферата „Кеш“ и за случајот „Рекет“ кој наскоро влегува во судска процедура, јавноста повторно да се занимава со одлуките на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

„Наместо да се отвораат актуелните криминали на Зоран Заев и на власта за ‘Рекет 2’, набавката на хеликоптери, крвавите тендери на Венко Филипче, и десетици други криминални скандали, граѓаните треба да се враќаат четири години назад и да не гледаат како во моментов се ограбувани и граѓаните и буџетот. Политичката намера е премногу јасна“, рече Стоилковски.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе