Стоилковски: Oбвинителството мора да одговори дали има поврзаност меѓу Боки 13 и Богоев при локалните избори

Октоподот не мирува, мирува само Русковска – обвинителството. Додека одмораат истовремено со Катица Јанева, октоподот и таканаречената невладина на владата за скандалот „Рекет" каде членуваат половина СДСМ имаат можност слободно да уништуваат евентуални докази и да влијаат врз евентуални сведоци, ова денеска на прес-конференција го изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош е еден од функционерите на СДСМ кои што заедно со Фросина Ременски и Костадин Костадинов, се вплеткани во НВО која што е центарот на вниманието на скандалот „Рекет“. Граѓаните се уште немаат одговор за Меморандумот од ноември 2017 година. Стефан Богоев, како градоначалник потпишал Меморандум за соработка со Бојан Јовановски, како претседател на Меѓународниот сојуз, Сојуз внимавајте во чиј што Управен одбор е таткото на Стефан, Владо Богоев. Јавноста мора да знае за улогата на Богоеви и дали има евентуална злоупотреба преку меморандумот за заедничка реализација на проекти и колкава е улогата на Богоеви за телевизискиот презентиран проект „Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ во општина Карпош. Презентација направена преку телевизијата на Бојан Јовановски, Боки13! Неспорна е блискоста на Богоеви со Бојан Јовановски, но обвинителството и градоначалникот на Карпош мора да кажат за планот за измена на деталниот урбанистички план заради комплексот на Боки 13, наречен „Карпош на вода“? Обвинителството мора да каже дали има злоупотреби на службената положба на Богоев за уредување на дворот на објектот на ТВ на Боки13?, прашува Стоилковски.

Стоилковски вели дека обвинителството мора да даде прецизен одговор дали има недозволива финансиска поврзаност меѓу Боки 13 и Богоев при локалните избори 2017 година?

„Само за споредба, според извештаите објавени во медиумите, СДСМ за Стефан Богоев во Карпош нема потрошено ниту денар за закуп на билборди,  но за Богоев во Карпош биле закупени 78 билборди, со цени од 600 до 1.900 евра за еден ден. Доколку тие не постојат во ставката закуп на билборди во извештајот на партијата, значи дека се платени во готово, некаде околу 80 илјади евра. И тоа е само еден сегмент за финансирањето на кампањата. Па јавноста мора да знае дали Боки платил во замена за Меморандум и тоа што треба да следи по него? Оттука јавноста мора да ја знае вистината, дали има поврзаност меѓу недозволеното финансирање на кампањата и работата на Стефан Богоев на објектот на ТВ на Боки13 но и работа кон реализација, согласно меморандумот, на планот на Боки13 преку неговата рекет- организација за изградба на луксузен комплекс „Карпош на вода“, изјави Стоилковски.

 

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе