Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Наместо антикризни мерки, СДСМ и ДУИ на возила трошат 5 милиони евра

Неодговорноста и криминогеноста на власта ја потврдува и девастирачкиот факт дека во време на најголема смртност заради ненавремено обезбедување на вакцини за корона, скок на сметките на струја заради домашната енергетска катастрофа, во време егзодус од 215.000 работоспособни лица од Македонија и, во време на најголемата економска катастрофа, двоцифрена инфлација, функционерите на СДСМ и ДУИ делат 5 милиони евра од буџетот за луксузи за службени возила, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Пет милиони евра во катастрофа, за Оливер Спасовски да се вози во луксуз додека се печатат пасоши на мафијаши. Пет милиони евра за возило и луксуз за Ариф Асани, заменикот на БЈБ, што го извади пукачот од Чаир. 5 милиони евра за луксуз наместо за вакцини за корона. Пет милиони евра за службени коли наместо одржување на РЕК Битола. Пет милиони евра при катастрофа за сите во Македонија, освен за функционерите од СДСМ и ДУИ“, рече портпаролот.

Според него, СДСМ и ДУИ со закани и притисоци задушуваат протести на воспитувачи во градинки и на учители и наставници во основнотго образование.

„Ги излажаа синдикатите дека ќе ги зголемат платите. Сега одбиваат антикризни мерки за да ги намалат акцизите и ДДВ-то за горивата и за храната, народот тоне во сиромаштија, ама СДСМ и ДУИ трошат милиони евра за сопствен луксуз и за службени луксузни возила. Пет милиони евра, а и тоа се плаќа со повисоки акцизи, со даноци на горивата,на струјата и на храната. Затоа СДСМ и ДУИ се против намалувањето на акцизите и данокот, за да има за луксузи за власта“, рече Стоилковски.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе