ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Муслиу, охрабрен од Пендаровски, врши чистка во Агенцијата за разузнавање

СДСМ ги уништува службите и ја загрозува безбедноста на државата. Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, охрабрен од неговиот шеф Пендаровски, второто лице на Зоран Заев спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата, изјави на денешната конференција за медиуми Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според сознанија со кои располагаме, на местото за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на НВО „Нексус“.  Еве едно прашање до Пендаровски, дали претседател на оваа НВО е токму сопругата на Муслиу и дали „Нексус“ се наоѓа на домашна адреса на Муслиу, а формирана е само пред две години? Оттогаш речиси непрестано води проектни активности со градоначалници на СДСМ, работи на промоција на Пендаровски и учествува во работата на Комисијата за борба против тероризмот.

Оваа НВО, согласно јавно достапните податоци, во изминатиот период учествуваше во трки за проекти за превенција од радикализација и дерадикализација на терористи и верски радикали. Проектните активности на оваа НВО ги спроведуваше токму лицето Васко Шутаров, тогашен советник за тероризам, кој е сега унапреден на највисоко хиерархиско ниво како благодарност од Муслиу.

Ова е класичен судир на интереси, проектни активности за борба против тероризам финансирани преку НВО и работно место советник за тероризам е сродна, споива и директно поврзана дејност. Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го провери овој случај и јавно го прашуваме Стево Пендаровски: Дали познава која било сојузничка НАТО држава во која шефот на разузнавачката служба има регистрирано НВО на домашна адреса? Дали познава кој било припадник на сојузничка служба кој податоците добиени од работните активности ги преточил во проектни активности со цел за само 2 години стара НВО да сврти приходи од речиси 8 милиони денари? Дали познава директор на сојузничка разузнавачка служба кој унапредил колега кој му ја подготвувал проектната документација на семејната НВО, користејќи инсајдерски податоци? Слободно нека ги прочита анализите на оваа НВО и ќе му стане веднаш јасно, за што станува збор“, изјави Стоилковски.

На прашање за ставот на премиерот Заев за случајот со снимките за Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, Стоилковски вели дека Рашковски не треба да изиграва силеџија и да се заканува со тужби кон медиуми, туку да  одговори она за што навистина јавноста сака да знае.

„Наместо Заев да вели дека не ја слушнал снимката за да ја види одговорноста, треба да одговори од каде знае дека Рашковски е невин, целосно невин како што вели. Со други зборови смешен начин да се одбегне одговорност на оваа влада, на Рашковски и на Зоран Заев. Македонската јавност заслужува одговор, дали Рашковски учествувал во нелегални активности? Во најновиот разговор кој беше објавен во медиумите, Рашковски говори за работи кои се предмет на истрага при склучувањето на тендерот со италијанската фирма „Леонардо“, се заслужува одговор за што станува збор и тој одговор мора да излезе. Владата е повторно фатена во еден огромен скандал, Рашковски знае дека не смее да разговара со „Леонардо“ пред да биде доделена понуда, и спротивно на законот наложува да разговара со оваа фирма.

Обвинителството мора да се заинтересира за овој случај со 7 милионска аванта која Драги Рашковски ја договара со фирмата „Леонардо“ по насока на Зоран Заев. Основното Јавно Обвинителство  мора да ги слушне и обвинувањата на еден друг директор, а тоа е Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар, кој откако почна да ја критикува власта беше сменет од позицијата, а сега го обвини токму Рашковски дека земал мито за сите тендери на Клинички центар“, одговори Наум Стоилковски.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе