ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Легализиран објект за марихуана, а не бил ни изграден

Постојат сериозни сомневања дека функционери на СДСМ, екс пратеници, градоначалник, советници, општински моќници, на чело со Зоран Заев се дел од злосторничко здружување кое на штета на буџетот на државата и спротивно на закон го зголемуваат својот имот и вртат милиони, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Драган Ѓоргиев, поранешен пратеник од времето на Зоран Заев и Атанас Јанушев негов ортак, кои преку фирмата „Канабис про“ се помеѓу првите 10 фирми кои добиле лиценца за марихуана од Зоран Заев, изградиле фабрика, објект за кој постојат основани сомневања дека е изграден спротивно на закон, а при што е оштетен и буџетот на Република Македонија.

Ѓоиргиев и Јанушев легализираат објект кој во моментот кога го пријавиле како изграден, а не постоел. Тие двајца во февруари 2018 година преку геодетско друштво од Битола почнуваат со изработка на геодетски елаборат за објект што во тоа време не постои, а за кој имале архивски број од општината во Босилово со барање за легализација уште во 2016 година. На 16 април 2018 година, неполни два месеци по купување на празната нива, двајцата членови на мафијата блиски до Заев, Драган Ѓоргиев и Атанас Јанушев регистрираат фирма за бизнис со марихуана „Канабис про“. Следува за еден месец по отварањето на фирмата, на 15 мај геодетскиот елаборат да е завршен, на 31 мај решението за легализација минува на општински совет, на 1 јуни градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков потпишува, а нарко бизнисот на мафијата добива легален објект.

Јавното обвинителство мора да отвори случај против геодетското друштво кое го изготвило елаборатот за објектот кој во тоа време не постоел. Но и за Ѓоргиев и Јанушев како сопственици на овој објект. Дополнително истрагата мора да се прошири и кон градоначалникот и одговорните лица во општина Босилово, како и кон советниците и урбанистичкиот сектор, за кои постои сомневање дека воделе двојно книговодство и во 2016 година во архивската книга на општината оставале празни бројчиња и празни места.

Ѓоргиев и Јанушев го изиграле и законот за земјоделско земјиште и законот за легализација на дивоградби. Оштетен е буџетот на Македонија и општината Босилово.

Ова е злосторничко здружување. Кое на крај е наградено со лиценца за производство на марихуана. Бараме Јавното обвинителство наместо да се занимава со политички притисок врз опозицијата да почне да работи согласно закон и да ја расветли оваа шема на злосторничко здружување. Или мафијата или Македонија“, изјави Стоилковски.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе