Стоилковски: Лагите на Заев веќе не минуваат ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија

Европската Унија конечно го виде вистинското лице на Зоран Заев. Заев својата неспособност се обидува да ја покрие со префрлање на вината кај меѓународни партнери на Република Македонија, изјави денес потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Заканите, притисоците и уцените се единствената карактеристика на политиката на Зоран Заев. Лагите на Заев веќе не минуваат ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија. Време е Заев да си замине и да ја плати цената за сите манипулации и урнисувањето на Република Македонија. Неспособниот Заев треба да си замине и на негово место да дојде техничка влада која ќе ги организира предвремените парламентарни избори. Зоран Заев ја срами Република Македонија каде што ќе стигне ризикувајќи да ги влоши односите со меѓународните партнери. Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада до сега на Република Македонија. Аболицираниот Зоран Заев е најодговорен затоа што Република Македонија има неуспешна економија, тоне во корупција и заостанува во сите реформи. Зоран Заев е најодговорниот затоа што имаме селективна правда и политички нарачани процеси“, истакна Стоилковски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија и граѓаните не смеат да бидат казнети заради неспособноста на Зоран Заев со недоделување на датум за преговори.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе