ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Крими театар со дивоградбата кај Мавровка, ќе се урива ли и на Попова Шапка, во Охрид, Струга...

Срамно е да се прави театар од почитување на закони. Да се радува општеството за случај каде се спроведува закон говори за степенот на криминализираност на државата и власта. Главното прашање е како никнала дивоградбата и како државата, власта му ги легализирале дивоградбите, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Доколку власта сака да докаже дека рушењето кај Мавровка не е евтин крими театар платен со државен буџет, тогаш очекуваме ист третман и со другите познати дивоградби за кои се врзуваат звучни имиња од старо-новата власт.

Според информациите објектот кај касарната Илинден е дивоградба која што со години функционира, а за фактот дека е бесправно изграден објект познато е дека знаат и Зоран Заев и Али Ахмети, а знаат и во Јавното Обвинителството!

Доколку СДСМ и ДУИ се согласиле на ваков начин, со евтин театар, справување со дивоградбите, централната власт бесплатно да руши бесправни објекти, тогаш очекуваме коалицијата СДСМ и ДУИ на ист начин да го истретираат и овој објект, за кој што стои висок функционер на ДУИ.

Исто така очекуваме ЈО конечно да поведе постапка и за инвеститорот на овој диво изграден објект.

Јавноста по овој крими-театар мора да добие одговор како и кога е откриен идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“? Кога ЈО дознало и зошто се чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на послушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот и го дозволи рушењето на објектот?

Очекуваме во најскоро време коалицијата СДСМ и ДУИ на ист начин да постапи и со другите дивоградби, пред се, со објектот зад мене, а потоа и со околу 80-те дивоградби на Попова Шапка, за што локалната власт во Тетово не реагира.

Очекуваме ист третман да добијат и дивоградбите во Охрид заради што и меѓународно е загрозен статусот на градот, пред се, заради градбите кај обележјето на градот-стариот Чинар, но и објектите на крајбрежјето, објектите на Нефи, советникот во охридската локална власт.

Очекуваме на ист начин да бидат третирани и дивоградбите на Матка крај Скопје,  како и со сите други бесправни објекти во заштитените појаси во Македонија.

Доколку не го направи ова, крими-тендерашката власт на Зоран Заев и СДСМ само ќе потврди дека сето ова со случајот со дивоградбата кај Мавровка е евтин крими-театар кој што се плаќа со пари од државниот буџетот“, изјави Стоилковски.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе