ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Кој изнесувал снимки од УБК за средбите на еден бизнисмен со малолетнички?

Новинар кој што го обзнани целиот случај „Рекет“, пред една недела отвори и тема дека „од УБК се украдени компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички“ и потоа „бил убедуван роднината на бизнисменот да плати рекет кај Боки“… Очекуваме деталите да бидат откриени, односно да се поведе институционална постапка за случајот, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ова прашање отвора повеќе дилеми, кој тоа изнесувал податоци од УБК? Кој тоа бил дел од рекетот? Кој и дали за бизнисмен имал компромитирачки материјали со малолетнички... Овие прашања отвораат и дилеми за злоупотреби на функции и на институции, и криминал и рекетирање, и најстрашно, злоупотреба на малолетници! Ако е точно дека институциите имале сознанија за злоупотреба на малолетници и наместо да реагираат, снимката била употребена за рекетирање на бизнисмени, тогаш целиот систем на власта, и правен и морален, е колабиран. Цела недела измина откако од тука за ова прашање покренав сомнвање и го повикав ЈО, но од таму молк! Македонија е соочена со републички јавен обвинител, кој признава и работи по наредби од притвореник, но нема намера да истражи можна злоупотреба на малолетници, ниту пак да одговори дали евентуално украдените компромитирачки снимки за бизнисмен биле резултат на легално или нелегално следење и снимање? Правниот систем во Република Македонија е колабиран. Не постои. Постои само алатка за политички пресметки и за рекет. Власта е фатена во најголемиот криминал, рекетирање и уценување на бизнисмени, власта подготвува уште една тура на криминогени дејства, а правосудниот систем немо го следи тоа и исполнува желби на државната мафија“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека ова е неподносливо, ова е далеку од демократија, ова е далеку од тоа што Република Македонија може да го издржи. Избори веднаш, а потоа ќе сноси одговорност секој еден што сторил или дозволил да биде извршен криминал, рече Стоилковски.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе