ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Како тоа снимки од УБК се давани на рекет-октоподот на Заев?

И повторно медиумите и социјалните мрежи вријат со нов скандал поврзан со рекетарскиот октопод. Според објавеното, доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани за со нив да се уценува познат бизнисмен. Ова е скандалозно! Дали на тие информации и фотографии имало незаконски дејства не знаеме, но самиот факт што тие не се процесуирани, туку се предадени на рекет - октоподот говори дека Заев ги има ставено сите институции во функција на лично богатење и политички притисоци, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку на Вилма Русковска ѝ требаа скоро четири месеци за да отвори истрага за „Рекет“ преку СЈО, колку ќе ѝ требаат за да истражи дали постоеле незаконски дејствија со малолетнички и дали тие се прикриени само со исплата на огромни суми пари? Кои се блиските соработници на Заев што имале допир со доверливи материјали во поранешната УБК, а кои што се неговите функционери кои се материјали можеле да му ги достават на Боки 13?

Досегашното искуство вели дека нема зошто да не се верува дека во телефонот на Боки Тредичи пишува „Многу си го обрал друже“. И дека таа порака не е од главата на октоподот! Русковска, постои ли таква порака, од кого е и во кој период е испратена? Ако постои како порака дали е тоа испратена од Зоран Заев?

Јовески, Русковска и правосудниот систем ја навредуваат интелигенцијата на јавноста со своето неделување и селективност во расчистувањето на „Рекет“! Месеци минаа додека не почна постапка против Боки Тредичи и Зоран Кичеец. Месеци минаа, а да не беа и оние истекувања низ странските медиуми со гласот на Катица и таа сѐ уште ќе шеташе по одмори или медицински установи!

Правосудството во пупката на Заев игра само на една карта - како да го заштити октоподот и неговата глава?

Скандалозно е однесувањето на обвинителството, скандалозно е однесувањето на судот, скандалозни се одлуките кои што се носат, скандалозни се изјавите на Заев во обид на амнестија на Јанева дека можеби таа и не земала пари. Преземањето мерки за „Рекет“ не е само услов за ЕУ, „Рекет“ е услов за мир и правда во земјата и стабилизирање на колапсот на економијата.

Истрагата што се води е целосно компромитирана. Наместо да се затвораат дилеми и шпекулации, секојдневно излегуваат нови детали за прикривање на докази. Одговорност за ваквото поигрување со правдата и законите мора да има и ќе има. По поразот кој што го чека на изборите целосно ќе биде расветлена улогата на Заев во рекетот и на сите негови функционери“, изјави Стоилковски.

За утрешната средба Заев-Мицкоски Стоилковски рече дека очекува сериозност од власта, да покажат сериозност за моментот, сериозност кон прашањето и да се избегне онаа практика секој исчекор понатаму да биде се врати на почетните ставови. Каков ќе биде односот на власта кон ова прашање? Дали ќе покажат сериозност на средбата на работните групи и потоа на лидерската средба? ВМРО-ДПМНЕ и досега покажало дека сѐ што е во интерес на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија активно учествува и придонесува кон подобрување на состојбите и кон напредок на државата во евро-атлантските интеграции и во однос на носење на закони кои навистина носат квалитет во понатамошното делување на државата. Секако тоа не е безусловно и не може да се поддржи каков било законски текст, само и само да се каже дека е донесен законски текст.

На прашањето дали двете страни, работните групи на СДСМ ина ВМРО-ДПМНЕ биле блиску до договор до моментот кога се објави писмото на Јанева, Стоилковски одговори потврдно.

„Компромис околу Законот за јавно обвинителство беше постигнат. Меѓутоа веќе следниот момент власта се повлече на почетните позиции. Предметите на СЈО треба да се пренесат во ЈО, односно сѐ она што било претходно до оној легален момент на постоење на СЈО да се префрли во Јавното обвинителство. Понатаму Јавното обвинителство да си распредели кое каде ќе биде. Начинот на кој што сега  се врши ова префрлање со писмо од притвореник кој управува со еден ваков многу важен материјал е апсолутно „non sense“ за што мислам дека правната наука ќе треба го изучува во иднина. Замислете притвореничката во моментот да издаде налог за апсење на Зоран Заев. Дали треба да се спроведе, сериозно го прашувам ова“, изјави Стоилковски.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе