Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се извини за коментарите за министерката Анегеловска

Стоилковски: Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска дообрајснуваше и реагираше на обвинувањата за сексизам кои му беа упатени по коментарите за новата министерка за финансии Нина Ангеловска.

„Мојот став не се однесуваше на министерката туку се однесуваше на Зоран Заев. Да појаснам, никогаш не сум промовирал сексистички ставови, ниту се дел од мојот карактер и светоглед. Напротив реагирав на прес-конференцијата на која што Зоран Заев ја злоупотреби Нина, новата министерка, да го презентира,  по само два дена на таа функција, ребалансот кој што не е нејзин, притоа претставувајќи ја и во потчинета ситуација, да не и дозволи да одговори ниту на новинарско прашање, барем од она што го видов. Апсолутно сметам дека ова е само едно извртување 

и спин на една изјава која што ја претставува релноста, а тоа е дека постоти едно однесување, потчинетост на Зоран Заев кон Министерството за финансии кое што го киднапира и очигледни се неговите намери да не ги дигне рацете од него. 

Групировка е само едно несреќно изведување од нејзината претходна работа. А ‘Џирло девојка’ за оние што не знаат, е основата на она што се нарекува Али експрес трговија 

Сексизмот на Зоран Заев е што ја злоупотребува Нина да го претстави неговиот ребаланс Жалам ако некој е доведен во заблуда со извитоперувањето на мојот став”, рече Стоилковски.

По оваа изјава, на неговиот Фејсбук профил повторно се дообјаснуваше и напиша дека се кае ако напишаното било погрешно протолкувано.

„Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства.

Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумите“, напиша Стоилковски на Фејсбук.

Тој вчера ја нарече новата министерка „Нина Групировка“ и „Џирло девојка“. Ваквиот речник наиде на осуда, па така критики стигнаа и од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, која го повика Стоилковски да го задржи нивото на однесување и да престане со говорот на омраза насочен кон жените, а реагираа и министерките Мила Царовска и Рената Дескоска, како и од Форумот на жени на СДСМ и на партијата ДОМ.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе