ВМРО-ДПМНЕ бара реакција од Обвинителството за ШИК Јелак

Стоилковски: Извинете за прес-конференција на државен празник, ама криминалот на власта не застанува

Аферата Заев - Дака со која владата на Заев му овозможи на контроверзниот бизнисмен со руски врски бизнис 200 милиони евра покажува дека со државата владее мафија. Фактите недвосмислено укажуваат на тоа дека Давидовиќ - Дака е производ на Зоран Заев и неговата желба за пари, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој се извини што за време на најголемиот државен празник организираат прес-конференција, ама, како што рече, криминалот на власта не застанува исто како што не застанувала и нивната борба против мафијата.

„Владата за три недели донела одлуки за продажба на ‘ШИК Јелак‘, комбинатот за кој што Дака во бомбите пред изборите вели дека дал мито од 300.000 евра. Сето ова се случува во време кога влада во оваа земја е СДСМ, а Зоран Заев раководи со власта.

Правдањето дека Дака дошол во времето на ВМРО-ДПМНЕ е само изговор, фактите говорат дека во време на Заев и СДСМ заедно прават криминал со кој градат урбана мафија. Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, и на 15.01.2019, како и на 07.02.2019 година дала согласност да се понуди остатокот од ‘ШИК Јелак‘ на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од фирмата, искористувајќи празнини во законот. 115-тата седница била водена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, додека 119-тата седница била водена од Зоран Заев лично. И на двете седници присутен бил генералниот секретар на владата Драги Рашковски“, рече Стоилковски. 

Според него, главната предност на Дака била тоа што знаел дека купува компанија која била под стечај по багателно ниска цена, за потоа Владата на Заев и Општина Тетово водена од Теута Арифи да гласаат за пренамена на ДУП-от со кој му вцртуваат маркици за градба на 2 илјади станови бизнис вреден 200 милиони евра.

„Брзата лента на добивање на документи укажува дека зделката е правена Дака да го добие имотот“, вели Стоилковски и прашува ако било сѐ чисто во овој случај тогаш Зоран Заев зошто не излезе на прес конференција да престави дека во државата влегува нова инвестиција од 2.000 станови во Тетово.

Одговорот, како што додава, е зашто прават криминал со кој Заев меѓу другото отвора врата за источно влијание во државата и подгревање на антинато политиките.

„Бараме итна реакција на обвинителството. Обвинителството мора да реагира. Овде имаме огромен скандал. Да се одговори кој е личниот финансиски интерес на Зоран Заев во планот со кој Тетово ќе го претвори во урбана џунгла. Дали државата ја става на располагање за перење на матен руски капитал“, изјави Стоилковски.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе