„Седум месеци, повеќе од 210 денови минаа од пеколниот пожар во модуларната болница во Тетово, 14 живи пациенти пеплосаа. Три месеци и две недели, повеќе од 110 дена минаа, од пеколот во автобусот на смртта на автопатот Струма во Бугарија, 45-мина живи изгореа. 150 денови минаа откако Вилма Русковска изјави дека 'нема ништо конкретно' од истрагата за модуларната. 130 денови минаа од изјавата на Пивоваров, Национален координатор за гранично управување, дека патниците се виновни затоа што не ја провериле лиценцата на автобусот.
80 денови, повеќе од 10 работни недели минаа, откако се пристигнати седумте страници за превод од Германија, Извештајот за несреќата во Тетово.
140 денови минаа откако Руфат Хусеини директорот на Државниот инспекторат за транспорт изјави дека се обиделе, но не успеале да извршат контрола во просториите на фирмата 'Беса транс'.
19 недели минаа откако Љубомир Јовески заедно со Вилма Русковска беа во Бугарија по несреќата со автобусот и уста не отворија од тогаш за случајот.
110 денови царината проверува како тоа автобус без лиценца минувал граница“, рече портпаролот Стоилковски.
Тој нагласи дека сѐ уште Вилма Русковска е обвинител, а дека 0Љубомир Јовески на крајот од мандатот се моли да стане Уставен судија.
„Оливер Спасовски е и натаму министер за полиција, Љупчо Путер Николовски е министер за земјоделство бидејќи му се укина министерството за борба со корупција. Заев и Филипче од страна ќе отворале фондација. Влакно не им фали. 60 луѓе живи пеплосаа, 60 луѓе се очигледни жртви на криминал и корупција, никому влакно не му фали, никој не понесе одговорност! Никој, ама никој не одговараше за тоа“, нагласи Стоилковски.
Тој на крајот заклучи дека правосудството во Македонија е заробено од тандемот СДСМ-ДУИ.