ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Градоначалникот на Ѓорче Петров во Волково без дозвола гради кружен тек

Мафијата на власт водена од Зоран Заев не само што не се справува со анархијата со дивоградбите, туку и ја стимулира и учествува во неа. Крими театарот со „Мавровка“ застана, ама не застанаа дивоградбите. Чист евтин крими театар. Мафијата која гради на диво и потоа криминално легализира не застанува, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Зоран Заев како градоначалник на Струмица го воведе принципот на криминално градење и уште покриминално легализирање на дивоградбите, градоначалниците на мафијата намигнуваат и практикуваат диви градби.

Градоначалникот на мафијата во Ѓорче Петров гради кружен тек во Волково, тука зад мене, среде Волковска улица, со општински пари и пари од платежната агенција. Јавно повикуваме градоначалникот Наумовски, да го покаже и обзнани инфраструктурниот проект за овој проект, за овој кружен тек, односно дозволата за градежни работи.

За да се гради сообраќајница, или кружен тек среде сообраќајница, мора да се има дозвола за градење. За да се добие таа дозвола за градење, мора да се има одобрен режим за сообраќај издаден од Град Скопје и од МВР. Без тие документи, дозвола, одобрение за градба нема, и градбата е на диво. Односно се гради дивоградба.

Градоначалникот Александар Наумовски мора да каже дали има инфраструктурен проект, дали има сообраќајно решение, дали има меѓуопштинска соработка за да можат да градат на градска улица?

Градоначалникот на мафијата Александар Наумовски има градежен проект од Општина Ѓорче Петров кој што всушност не важи никаде и со него не може да се гради тука. Со него е невозможно да се извади траен сообраќаен режим, не може да се постави сообраќајна сигнализација, не може да се направи ништо легално.

       

За градба на сите улици, па и кружните текови мора да важи истото, прво сообраќаен проект одобрен од МВР и од Град Скопје, потоа се прави инфраструктурен проект, а дури потоа се гради!

Оттука го повикувам градоначалникот на мафијата на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, веднаш да го приложи во јавност на увид одобрувањето, односно, документот за одобрен сообраќаен режим од Град Скопје и од МВР. Доколку го има, а во спротивно би ги потврдил сомневањата дека го нема и дека се гради на диво.

Наумовски мора да каже дали гради див кружен сообраќаен тек, без одобрение, што упатува на тоа дека не се гради ниту по стандарди.

Наумовски наместо да се фали со дивоградби, треба да почне да ги почитува законите“, рече Стоилковски.  

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе