Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: ДС овозможи да се одлеат 2 милиони евра заради повластен паркинг

ВМРО-ДПМНЕ ги доби од укажувач списоците од кои јасно се гледа дека стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг во Скопје, обвини и денеска партијата преку прес-конференција на портпаролот Наум Стоилковскио. Тој наведе неколку имиња, рече дека списокот содржи најмалку 400 возила и дека станува збор за возила кои би ја наполниле катната гаража „Македонска фаланга“.

„Возилата на листите се на имиња на Борче Јакимовски најчесто и на Владимир Кроневски, доскорешни директори на паркингот во Скопје, инаку членови на претседателството на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ. Возила има и на име на Славче Јовановски, актуелен советник во Град Скопје. Инаку, и тој дел од највисокото раководство на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. Јасно е дека ова се списоци коишто укажуваат дека Демократскиот сојуз е во власта и е сателит на СДСМ за да може врз грбот на народот да ползува бенефиции. Во спротивно овие тројца кој што ги набројав, Јакимовски, Кроневски, како и Јовановски самите имаат околу 400 возила кои што ги пријавиле за неплаќање паркинг, речиси на сите зони во Скопје", рече Стоилковски.

Тој додаде дека до нив има имиња на други луѓе како и опис на автомобилите.

„Да речеме стои името, регистарска табличка и име на Мартин Попов, актуелен шеф на кабинет во владата на премиерот. Тука е и поранешниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тука, до името на Владимир Кроневски е и Душко Весковски, доскорешен директор на Водовод во Скопје и да не ги редам други. Значи станува збор за најмалку 400 возила и според бројот на регистрициите, може да се направи споредба дека станува збор за цела една катна гаража, како 'Македонска Фаланга', рече портпаролот и оцени дека се работи за отприлиа два милиони евра „заштедени" со бесплатното паркирање.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе