ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: ДКСК има чиста позиција за судир на интереси за доделената концесија за бате Вице

Зоран Заев долгорочно присвојува државни богатства, а надлежните и најповиканите за спречување на таквата корупција спијат. Феудалецот Зоран Заев и неговите министри изгласаа македонски суровини и минерали, државни ресурси, да му ги отстапат на братот на Зоран Заев, на бате Вице, на дури 30 години. Министрите гласале за да му удоволат на феудалецот, оној кој што ги поставил таму, па бате Вице и бате Трајче 30 години ќе владеат со македонските рудни богатства, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ по владината одлука.

„Владата тајно, на 6 октомври доделила 30-годишна концесија за експлоатација на руда на Еленица, фирма на Заеви, каде и Зоран Заев бил дел од УО. Информацијата одеднаш се појавува во Службен весник. И ова не е прва семејна фирма на феудалецот Заев која што добива 30 годишна концесија од Владата. На ист начин, тајно, владата на феудалецот Заев доделила 30 годишна концесија за руда и минерални суровини за Тотал инженеринг, фирма на бате Вице. И на ист начин, пред две години, одлуката во јавноста  се објавува само во Сл.весник.

Феудалецот Зоран Заев долгорочно става рака врз ресурсите, врз македонското државно богатство додека е во мандат. Од позиција премиер присвојува државни добра, суровини и минерали за себе, за бате Вице за период од 30 години. Феудалецот Заев со концесии на 30 години ги обезбеди Тотал инжинеринг, Еленица, фирмите на бате Вице. Зоран Заев додека е во мандат очигледно има намера да ги приграби државните ресурси и да ги подели на своите компании.

Државната комисија за спречување на корупцијата има чиста позиција. ДКСК е ДОЛЖНА согласно надлежностите што ѝ ги дава законот, имаат обврска да констатира располагање на државни добра за приватни цели. Одлука за оваа долгорочни концесија не е ништо друго туку чиста корупција произлезена од судир на интереси. ДКСК не смее да се крие зад формалности.

Се работи за користење привилегии за ставање рака врз државни богатства во посед на државата. Доделување концесија за семејни компании, за брат, за братучеди, е врв на корупција- крвно сродство од прв степен“, изјави Стоилковски.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе