Стоилковски: Дивоградбата „Мавровка“ е исто што и „Цареви Кули“ на Заев

Портпаролот на опизициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција рече дека власта сѐ уште ги крие вистинските одговори за случајот „Мавровка“.

„Не се знае ниту како дојде до тоа неколку бетонски катови да бидат изградени среде Скопје, на неполн километар од објектот на Владата на Република Македонија, уште помалку од централниот плоштад и директно спроти судската палата. Она пак што Заев и Ахмети го кријат како змија нозе е како до вчера нарекуван ‘непознат‘ и ‘мистериозен‘ инвеститор одеднаш стана познат и тоа со документи во рака за легализација и со сметка за платени давачки, згора на тоа со издадени документи од Град Скопје на Петре Шилегов и никој тоа не го демантираше“, изјави Стоилковски.

Во обвинувањата што ги изнесе, тој рече дека зборовите влада на Заев и мафија се синоними и означуваат едно исто.

„Зоран Заев, е аболициран за случајот ‘Глобал‘, објект, трговски центар во Струмица, афера тешка осум милиони евра, која што беше дибоградба, легализирана отпосле, на штета на неколкумина сопственици на земјиштето каде што е изградено.         Зоран Заев, е човекот кој што од позиција на градоначалник, има легализирано дивоградби во Струмица на нему добро познати лица. Над Струмица се протега импозантен комплекс наречен ‘Цареви Кули‘, објект изграден многу покасно по истекот на рокот зададен во законот за легализација на дивоградбите. Законот за легализација беше прецизен, услов за нешто да биде предмет за легализација, беше да биде изградено заклучно со 3 март 2011 година. Но, сателитските снимки од 10 март 2011 година, цела недела по истекот на зададениот рок, покажуваат дека од комплексот нема ништо. На документот за легализација, почитувани, стои потписот на Зоран Заев. Дивоградбата ‘Мавровка‘ е исто како и дивоградбата ‘Цареви кули‘. Заев, менторот на нелегалната легализација на дивоградби, легализира дивоизграден хотелски комплекс од над 600 квадратни метри на државна парцела – пасиште од околу 1.000.000 метри квадратни - парцела колку што изнесува околу половина Струмица. И да нема изненадувања, на документите за сопственост на комплексот ‘Цареви Кули‘, стои име на човек чија што фирма речиси редовно добивала тендери од општина Струмица раководена од Зоран Заев“, рече Стоилковски.

Тој уште додаде дека судот пред две години ја одбил тужбата од сопственикот на „Цареви кули“ против медиумите кои што пишувале за нелегалната приватизација.

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе