Стоилковски: Дали Костадинов се плаши од срамни фотографии најдени во телефонот кај осомничен во „Рекет“

СДСМ и до гуша заглавениот во криминал Зоран Заев се во паника и демонстрираат нервоза. Заради тоа што живи се фатени во случајот „Рекет", наместо да побараат одговорност тие водат борба за заштита на криминалот. Затоа се и тие панични прес конференции каде што се конструираат и креираат, сеат лаги, истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во тоа предничи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој што според сомневањата има и лични причини за тоа. Имено, отворено прашуваме и отвораме дилема, дали причините заради кои што Костадинов манипулира и лаже на прес конференциите за случајот „Рекет“ е содржината на еден од телефоните на осомничените? Дали во еден од телефоните кои што се форензичат има инкриминирачки пораки и фотографии од Костадинов? Дали Костадинов лаже на прес конференции затоа што се плаши од содржините во телефонот на еден од осомничените, а се со неморална и срамна содржина“?, прашува Стоилковски.

Тој прашува и дали затоа Костадинов ниту еднаш не повика, не побара за побрзо вештачење и побрзо расчистување на истрагата?

„Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените? За нивната блискост и соработка сведочи и фактот што Костадинов е прогласен за Почесен член на владината невладина токму на еден од осомничените во „Рекет“. Дали телефонот на осомничениот крие лични тајни заради кои сега Костадинов на дневна основа панично манипулира со јавноста? Јасно е дека СДСМ го штити криминалот на главата на октоподот, а сега треба да одговори и дали Костадинов го крие и штити сопствениот срам“?, прашува Стоилковски.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе