ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Цел свет го гледа Дончев како става пари во чанта, ама Русковска и Јовески тоа не го гледаат

Срамна е одлуката на Обвинителството за организиран криминал и корупција споделена во медиумите, срамно е за обвинителите кои се прогласија за ненадлежни за постапување по видеото на кое што се гледа Ден Дончев, директорот на најбогатиот државен ФОНД – ФЗОМ каде што тој зема пари и ги става во чанта! Ова е одлука со која што Зоран Заев го амнестира Ден Дончев, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ова е доказ за обвинителството во пупка кое што работи исклучиво по политичка нарачка, пупка во која што ги штитат луѓето на Заев и неговите муртински врски!

Тоа биле, внимавајте, нецелосни снимки и претпоставки! И толку од Обвинителството?

Се работи за човек, близок до Зоран Заев, за кој што во обвинителството има неколку пријави. Се работи за човек кој што веќе има процес за „Рекет 2", човек за кој што има процес за вмешаност во меѓународен скандал за рекетирање! Човек што одеднаш има „семејни причини" за повлекување од очи на јавноста. Ама за обвинителството нема причини да се отвора предмет, да постапува самостојно по видео јавно објавено, во кое истиот човек зема снопче пари и ги става во чанта!?

„Обвинителството за организиран криминал се претвори во одбрана на организираниот криминал! Наместо бранење на јавните интереси и борба со криминалот и корупцијата, ова обвинителство стана синоним на заштитувач и со тоа поттикнувач на криминалот и корупцијата!

Ова е резултат на лагите на „реформаторот во правосудството Зоран Заев", ова е резултат на колапсот на правдата, ова е резултат на хибридниот режим, доказ за девастиран систем далеку од подготвен за ЕУ!

Цел свет го гледа Дончев како става пари во чанта, ама Русковска и Јовески тоа не го гледаат!

Цел свет го виде Заев како бара пари во Струмица, ама Русковска и Јовески го ослободија!

Сега Заев го амнестира Ден Дончев, а Русковска и Јовески исполнуваат“, истакна Стоилковски.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе