ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Боки13 е извршител на рекетот, зад него стојат Заев и СДСМ

Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви. Бизнисменот Амзоски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот. Измамената пензионерка на која ѝ беа уплатени 720.000 евра изрекетирани од еден бизнисмен, Бојан Јовановски ја запознал преку Мила Царовска. Ова се само дел од фактите за случајот Рекет искажани пред суд, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министрите и функционерите на Зоран Заев и на СДСМ се вмешани во Рекет. Бојан Јовановски, Боки 13, јасно посочува пред суд дека доколку не била нивната поддршка, бизнисмените не би ни седнале со него да преговараат. Рекет во суштина значи изнуда на пари од некој што има моќ – општествена или политичка да исполни или да не исполни определени цели кои што задираат во сферата на делување на рекетираниот. Оттука, јасно е дека Бојан Јовановски е само извршител во Рекетот, а зад него стојат Зоран Заев и СДСМ кои што во моментот на рекетирање имаат моќ да уценат и да изнудат рекетирани пари согласно политичката и општествената  моќ, согласно  функциите кои што ги имаа во државната администрација.

Според изјавите на Јовановски, Зоран Заев, Мила Царовска, Александар Кирацовски и кој ли уште не од функционерите на СДСМ биле дел од рекетарското злосторничко здружување. Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз, која што како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен кој што понатаму е рекетиран.

И до сега по овие изјави пред судот, нема релевантни аргументи од страна на функционерите на СДСМ во насока на нивно негирање на ваквите искази. Тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од функционери на СДСМ. СДСМ е структурата која што се крие зад Рекет, а Зоран Заев главата на октоподот каде што завршиле парите. За ова одговорност мора да има“, изјави Стоилковски.

На прашањето за текот на преговорите за собраниско мнозинство, Стоилковски вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, доби овластување од највисоките тела на партијата, Извршниот и Централниот комитет. „Доби поддршка да разговара со политичките партии кои се застапени во парламентот во новиот состав на Собранието на Република Македонија за формирање на ново парламентарно мнозинство. Во насока на тоа да не се вадат детали сега во моментот, тука ќе застанам со одговорот, не би навлегувал во детали со кого и како сè се разговара“, рече Стоилковски.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе