ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Боки 13 не би можел ништо да изрекетира без Кирацовски, Царовска и други владини функционери

 Целата влада на Зоран Заев и СДСМ била вмешана во Рекет. Боки 13 на суд вчера јасно кажа дека доколку не била поддршката од функционерите на СДСМ бизнисмените не би ни седнале со него да преговараат, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе цитирам, бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот, кажа Боки 13 вчера пред  судот. Во оваа реченица е содржана целата вистина за милионскиот рекет. Боки 13 не е лице кое има моќ и влијание да рекетира милиони од бизнисмени, ако зад тоа не стојат функционерите на власта на СДСМ. Ова само потврдува дека Боки 13 не можел ниту еден денар да изрекетира доколку не била поддршката од СДСМ.

Боки 13 вчера јавно за првпат откри дека дел од шемата за перење на пари преку Меѓународен сојуз била и Мила Царовска, која како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Боки 13 вчера потврди дека првиот случај со измамената пензионерка на која ѝ биле уплатени 720.000 евра изрекетирани од еден бизнисмен ја запознал преку Мила Царовска. Еден ден откако Боки 13 ги изнесе овие тврдења од Мила Царовска не видовме ниту еден релевантен аргумент во негирање на овој исказ на Јовановски. Според сведочењето на Боки 13 гледаме дека целата операција била овозможена и спроведена од луѓе функционери на СДСМ.

СДСМ е структурата која се крие зад сиот Рекет, а Зоран Заев главата на октоподот кај кого завршиле парите. За ова одговорност мора да има“, рече Стоилковски.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе