ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Бараме извинување од СДСМ за изнесените лаги во јавноста

Лицемерието на СДСМ нема крај. Денеска ќе ви презентираме еклатантен случај како се фатени живи во креирање лажни вести и чистото лицемерие и политиканство на СДСМ. Извештајот на СДСМ покажува дека се должни 2,5 милиони денари од последните претседателски избори, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека должи за изборна кампања, и тоа сака да го прикаже за голем финансиски скандал, а самиот извештај на СДСМ по претседателските избори покажува дека има долг од точно 2.476.000 денари. Значи партијата направила долг и влегла во минусно салдо отворајќи нов финансиски скандал.

Па затоа ќе поставам две прашања:

Дали токму овој незаконски долг од 2,5 милиони денари е причината што СДСМ го проблематизира изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија? Второ, се плаши ли СДСМ дека независна институција ќе поведе постапка и ќе ги истражи сите индиции за нивното непочитување на законот? Ова беа прашањата со кои што оној Минхаузен Костадинов од СДСМ постојано ја тероризираше јавноста, но со таа разлика што се прашања поставени кон ВМРО-ДПМНЕ. Сега кога уште еднаш се констатира дека ја манипулирале јавноста, дека креираат лажни теми и самите должат практично се гледа дека нивното лицемерие дека нема крај. Која е вистината. И како СДСМ манипулира со тема која што не е кривично дело. Овој сегмент го покриваат членовите 71 и 85 од Изборниот законик. Членот 71 се однесува на прибирање на средства, трошење, трансакциската сметка и никаде во овој член не се предвидува ситуација како ќе се постапува во случај доколку се потроши повеќе од предвиденото.

Членот 85 од Изборниот законик го регулира начинот и телото кое ќе прави ревизија. Согласно ова се поднесува извештај до ДИК, државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија. Согласно нормите доколку се забележи некакви отстапување се поведува прекршочна постапка или се информира обвинителството.

Навистина залудно фабриката за лажни вести се обидува да прикаже дека нешто дека е криминално кога е законски. Сега кога се дознава дека и СДСМ должи, односно потрошиле повеќе од што добиле народни пари, СДСМ ќе молчи. Преку измислени тези го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за незаконско дејствие, а не постои член кој кривично казнува долг кој патем ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што е со замрзнат имот, има ограничени ресурси и не се занимава со рекет како СДСМ, започна процес на враќање.

СДСМ нема ден да не излаже, и нема информација со која што не манипулира. Очекуваме извинување од СДСМ и од харикири портпаролот Костадинов за изнесените лаги во јавноста“, рече Стоилковски. 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе