Реакција

Стоилковиќ: Зошто безбедносните служби молчат за најновите „бомби“?

За пратеникот Иван Стоилковиќ несфатливо е зошто надлежните органи, безбедносните служби, ОТА, МВР... не реагираат по објавувањето на најновите прислушувани разговори. Зошто не ги применуваат законските решенија за објавување на прислушувани разговори, реагира Стоилковиќ на својот фејсбук-профил. 

„Гледам, слушам и се чудам. Никој не прашува од каде пак во јавноста прислушувани разговори, од кого повторно е пробиен безбедносниот систем? Што прави ОТА и која е одговорноста на МВР и безбедносните служби затоа што во јавноста повторно има т.н. „бомби“? Што е со примена на законските решенија за објавување на прислушувани разговори и каде е тука обвинителството? Или подобро за сите е да се правиме дека не сме од тука! Би требало сите да се запрашаме дали и како државата уште еднаш ќе го преживее падот на безбедносниот систем и која ќе биде цената што ќе треба да се плати? Или тука изгледа се потврдува старата изрека кој меч вади, од меч подоцна страда, или преведено, кој со прислушувани разговори дојде на власт, со прислушувани разговори ќе си замине од власт“, напиша лидерот на Демократската партија на Србите.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе