Стоилковиќ: Во Македонија се воведува контролиран хаос во кој не победуваат ни Македонците, ниту пак Србите

Итар обид насилно да се промени „полот“ на цел народ, пишува во колумната за Факти.орг пратеникот Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

„Седумдесет години македонските комунисти се лигавеа по Белград дека се просрпски ориентирани и дека се најголеми пријатели на Србите, додека на најперфиден начин на секој начин нѐ десеткуваа нас Србите во Македонија, сведувајќи нѐ на безгласна буква. А истовремено на таа антисрпска хистерија тие, комунистите, под житото ги промовираа Албанците како клучен фактор во државата. За да денес студено, на прикриен начин, да ја преземат улогата на нови бугарски администратори на територијата на денешна Македонија!

Македонците се доведени во нерамноправна, понижувачка положба во својата земја. Контролиран хаос во кој победува само еден, но тоа не се ни Македонците, ниту пак ние Србите! Никој не е наивен, сите знаеме кој го уништува македонскиот Устав и инструментите за политичка стабилност и меѓуетнички мир. На најдиректен начин, исто толку студено и рамнодушно кон сопствениот народ, ја воведуваат земјата во бинационалност. А камо ли нас Србите!

Да се напомене дека во овој невиден обид на бугаризирање на Македонците, од претставниците на месните национални заедници, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и Власите, на страната на македонскиот народ застанав само јас - Иван Стоилковиќ, претставник на Србите. Доволно е да се знае кој бил на чија страна и останал, а останатото ќе го каже историјата“, напиша Стоилковиќ.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе