Реакција

Стоилковиќ: По наредбата на Бајден никој не зборува за слободата на јавното изразување

…Никој да напише што станува со критичката мисла, со слободата на јавно изразување, никој. Подржувачите на цензура, а самопрокламираните борци за вредности, а незнајно кои, всушност знајни, бидејќи за продадените души вредностите се дваесетина сребреници, а знаеме како Јудините сребреници завршија, ги снема, се вели во реакцијата на Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите по вчерашната извршна наредба на претседателот на САД Џо Бајден за Западен Балкан.

„'Ником поникоше и у црну земљу пропадоше'. Се споменуваат црни листи, фрчат закани ама никој не го поставува прашањето што со владиното мнозинство кое е преполно со луѓе од американските црни листи, а за чудо нема такви од опозицијата. Па кога од овој агол ќе погледнете црните листи изгледа служат како покана за влез во Владата. И ако го исклучиме Преспанскиот договор кој е имплементиран спротивно на референдумската одлука, тогаш сосема оправдано се наметнува прашањето колку од претставниците на Владата би требало да завршат на црните листи заради фактот што како пачавра го развлекуваат Охрискиот договор надвор од Уставот и законите и го претворија во „бунар жеља”, но само за нивните себични интереси…“, напиша Стоилковиќ на својот фејсбук-профил.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе