Реакција

Стоилковиќ: Кој му дал писмени гаранции на Вартоломеј дека нема да се употребува терминот „македонски“?

По првата објава дека на Вселенскиот патријарх му се дадени писмени гаранции дека нема да се употребува терминот ‘македонски’ или кој било  изведен збор од зборот ‘Македонија’, логично се наметнува прашањето кој ги дал тие писмени гаранции. Но, наместо некој да го постави, уследија ропска потчинетост и хвалоспеви. И се оддолжи редицата на подлизурковци, пишува пратеникот Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија по денешната изјава на вселенскиот патријарх. 

Вселенскиот патријарх денеска за грчки медиуми изјаво дека „го исклучивме од употреба терминот ‘македонска црква’ и кој било друг изведен збор од зборот Македонија“.
Во тој документ, пишива Стоилковиќ, „некој“ се упатува, без тој некој конкретно да се именува, на Српската православна црква со која треба да ги реши проблемите.
„Таква изјава и дадов во медиумите, но се јавија веднаш познатите србомрзители и по некој од корисните идиоти со навреди, дури и на лична основа без ниту малку да промозгаат.
Нападите врз мене никогаш не ми пречеле, и имам сериозна ергела на исфрустрирани, неуспешни и искомплексирани мрзители. Но навистина бев изненаден кога видов дека на најбесрамен начин се обидуваат на столбот на срамот да ги стават Српската православна црква и патријархот Порфирије. Но, знаете и самите, ропскиот дух е ропски и затоа што е бесрамен.
Она што посебно ми импонира во чинот на милосрдието на нашата Српска православна црква е фактот дека нејзината одлука ги потврди моите ставови во однос на Македонија и идентитетските прашања со кои се соочува македонскиот народ. Прогласувајки ја автокефалноста на МПЦ-ОА без какви  било условувања, особено по прашање на името, Српската православна црква јавно демонстрираше дека на ниту еден начин не е меѓу поништувачите на македонскиот народ и државата, напротив. Ме изненади изостанувањето на благодарност на учесниците во јавниот живот, за разлика од граѓанството кое покажа огромна честољубивост и благодарност. Толку ли е голем стравот од „амбасадите“?
Ми се спочитуваше и ми беше земено за грев тоа што одбив да гласам за промена на името на државата и македонскиот народ. Сега редно би било сите тие што ми солеа памет и ме ставаа на столбот на срамот барем да се замислат за својот морален и духовен колапс, кога веќе никогаш нема да смогнат сили да се извинат, сигурен сум.
 
Ваквиот однос се потврди како единствено исправен и истиот - по одлуката на Синодот на Српската праваославна црква и исклучително коректниот однос на српската држава кон македонскиот народ и државата - е добар, би рекол фундаментален залог за иднината и односите помеѓу двата народи и двете држави.
Верниот српски народ очекува дека во натамошниот период проблемите со слободата на вероисповест кои државата до сега ги игнорираше и зачувувањето на богатото српско црковно и културно историско наследство ќе бидат решени на соодветен начин“, се вели во реакцијата на Стоилковиќ.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе