Стоилковиќ ќе зборува на Форум за безбедност во Уфа, Русија

Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија од 17 до 20 јуни во Уфа, главниот град на Република Башкортосан, Русија, ќе учествува на Форумот за безбедност во организација на Советот за безбедност на Руската Федерација. Стоилковиќ во Уфа ќе оди на покана на Николај Патрушев, секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Овој Форум за безбедност се одржува секоја година по иницијатива на Советот за безбедност на Руската Федерација и подршка од структурите на ООН, како место и начин за водење професионален дијалог за проблемите од областа на безбедноста, пишува во поканата. За ДПСМ ова го претставува големиот интерес за ваквата форма на професионален дијалог за безбедносните проблеми од страна на целокупната меѓународна заедница.

Минатата година на Форумот учествувале делегации на 118 држави членки на ООН на ниво на претседатели на држави, премиери, министри за внатрешни работи, секретари за национална безбедност, директори на специјални служби, дипломати и експерти од светски калибар. На форумот по правило се присутни речиси сите членки на ЕУ на различно ниво. Минатата година на учесниците на Форумот се обрати претседателот на Руската федерација Владимир Владимирович Путин.

„Ова за мене ќе буде исклучителна прилика не само за стручно усовршување, туку и шанса за збогатување со нови сознанија од оваа област. Ја прифатив поканата да учествувам на Форумот како единствен претставник од нашата држава и ќе земам активно учество на Форумот за безбедност со излагање на тема „Обезбедување на националната безбедност и стабилен социјално економски развој на државите во светло на нарасната опасност од разни облици на тероризам и растечка опасност од хибридни закани“.

За меѓународниот кредибилитет и авторитет на форумот говорат и темите за кои ќе се разговара, обезбедување на национална безбедност и стабилен социо еконономски развој на државите во услови на растечки хибридни закани, меѓународна соработка во областа на итни хуманитарни активности како и за перспективите за одржување на стратешка стабилност во светски размери”, се вели во пишаната изјава за медиумите од Иван Стoилковиќ.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе