Евроинтеграцијата на Западен Балкан меѓу приоритетите на Бугарија

Стоев: Во преговарачката рамка за Македонија да се земат предвид и бугарските забелешки

Бугарскиот технички министер за надворешни работи, Светлан Стоев пред дипломатскиот кор акредитиран во Софија ги претставил надворешно-политичките приоритети, а како еден од клучните ја навел европската интеграција на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и на Мекедонија.

Сепак, пред претставниците на 83 земји и меѓународни организации, Стоев го повторил ставот во однос на нашата земја. Според него, поддршката на Бугарија за земјите од Западен Балкан е конзистентна и се заснова на клучни принципи за следење на критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја кандидат за членство, а Софија инсистира во Преговорачката рамка за Република Северна Македонија да се земат предвид и нејзините забелешки.

Како што јавува МИА од Софија, истакнувајќи го континуитетот и политиката на Бугарија во однос на европскиот пат на Македонија, Стоев нагласи дека во последните години Софија изразила загриженост за спроведувањето на билатералниот договор од 2017 година.

Според Стоев, Бугарија и натаму ќе биде еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Унијата, што се докажа за време на бугарското претседавање со ЕУ и при заедничкото копретседавање со земјава со Берлинскиот процес во 2020 година.

Стоев нагласи дека главен приоритети на Бугарија во надворешната политика останува нејзино зачленување во Еврозоната и во Шенген зоната и пристапување на земјата кон Организацијата за економска соработка и развој. Меѓу другите бугарски приоритети, Стоев го истакна и претседавањето на Бугарија со форматот „Три мориња”, за кој, како што рече, има многу голем меѓународен интерес.

 

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе