На Форум во Шпанија

Стоев: Очекуваме јасни гаранции од Скопје за правата на Бугарите во Македонија

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев го искористи учеството на VI регионален форум на Унијата за Медитеранот и министерскиот состанок на ЕУ и земјите партнери од јужното соседство во Барселона да го повтори бугарскиот став за почеток на преговори на Македонија со ЕУ во контекст на правата на Бугарите во земјава. 

Како што соопшти бугарското МНР, на средбите со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и со министерот за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, Стоев ги нагласил „проактивните напори од Бугарија во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година”. 

„Очекуваме јасни гаранции од Република Северна Македонија за тоа”, изјавил Стоев. 

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе