Сто дена Влада, 100 предизвици, рече премиерот на тематската седница

„Ова беа 100 дена на предизвици – денови на здравствена, енергетска, економска и воена криза и клучна цел беше да се задржи стандардот на граѓаните. Обезбедивме непречена исплата на сите обврски на Буџетот, зголемени приходи, поддршка на инвестициите, поддршка на земјоделството, се она што една Влада треба да го прави за своите граѓани во време на криза“, оцени премиерот Димитар Ковачевски на денешната отворена седница по повод 100 дена Влада.

„Напорно ќе биде и понатаму бидејќи кризата е сѐ уште присутна, но со јасен план и со јасни мерки што ги спроведуваме и низ дијалог со сите чинители на општеството, сигурно дека Република Северна Македонија ќе излезе како победник од овие предизвици“, истакна Ковачевски.

Премиерот потенцира дека дијалогот е единствен начин за постигнување на решенија и упати апел секој да се издигне „над минливите, дневни пориви за политички поени кои ги немаат во фокусот граѓаните и просперитетот на нашето општество“. Рече и да се најдат сили разликите да се надминат и да дојде до обединување околу приоритетите за државата.

Вниманието на Владата во наредниот период, како што рече, ќе биде максимално насочено на клучните прашања кои се од интерес на граѓаните особено на темите за економска сигурност и за подобар животен стандард.

Осврнувајќи се на економските мерки преземени во првите 100 дена од мандатот, Ковачевски посочи дека денарот и покрај сите турбуленции останува стабилен. Финансискиот систем, како што рече, има заштитни механизми што овозможува негово непречено функционирање, а девизните резерви се на соодветно ниво за да се овозможи доволна девизна ликвидност на домашната економија. Операционализацијата на бескаматните кредитни линии, кои се дел од пакетот антикризни мерки во вредност од пет милиони евра, според Ковачевски, ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.

„Со донесената програма за економски реформи за следниот тригодишен период се поттикнува зелената транзиција со цел зголемување на уделот на енергија добиена од обновливи извори, зајакнување на човечкиот капитал и подобрување на конкуретноста на домашните претпријатија и нивна интеграција во глобалните вредносни синџири, како и формализацијата на економијата“, рече Ковачевски.

Во своето излагање, Ковачевски се осврна и на Националната развојна стратегија со која, како што рече, се обезбедува долгорочна визија за економскиот, социјалниот, културниот и еколошкиот развој на државата.

Ковачевски потенцира дека воената агресија во Украина ја исправи државата пред историски предизвик како членка на НАТО и заедно, како што рече, со сојузниците да се одговориме „на овој антицивилизациски чин, како што е брутално кршење на меѓународното право и сите конвенции за мир и безбедност“.

Исполнувањето на целите во однос на големите инфраструктурни проекти, истакна Ковачевски, е исто така приоритет, а подеднаква важност имаат и евроинтеграциите како наша стратешка цел.

За само три месеци, Ковачевски посочи дека успешно се спроведени и повеќе полициски акции за сузбивање на недозволена тргоција со наркотици и запленети се седум килограми хероин со вредност од над 300 илјади евра, околу 1,2 тони психотропни супстанци за производство на амфетамини и над 2,2 тони марихуана со вредност од над пет милиони евра.

Квалитетните здравствени политики, рече Ковачевски, се приоритет на Владата и постигнато е намалување на цените на околу 230 лекови кое се применува од 1 април годинава, а тенденција е да се обезбедат што повеќе лекови на позитивната листа.

Истовремено, со инвестиции во опрема се обезбедува побрзо и полесно закажување на термини за пациентите, особено за малигни заболувања.

Инвестициите во патната и железничката инфраструктура, Ковачевски, нагласи дека продолжуваат и интензивно се градат огромен број автопатски делници, експресни и регионални патишта и дека во изминатите месеци завршени се или се во различни фази на изработка патишта во должина од околу 200 километри.

Продолжува и изградбата на социјални станови, рече Ковачевски, посочувајќи дека е распишан јавен повик за распределба на 70 социјални станови во Гостивар, дека е завршена социјална зграда во Неготино и Демир Капија и почната е изградба на 36 социјални станови во Пехчево и 50 во Сарај.

Во услови на криза, Владата според Ковачевски прави напори да го зголеми домашното производство на основни производ храна и да обезбеди потребни количини од увоз, за што како што рече, се усвоени сет мерки со интервентниот фонд, а со националниот план за производство на храна во вредност од 400 милиони денари се дава поддршка за домашно производство на стратешки земјоделски производи и ставени се на располагање над шест илјади хектари државно земјиште.

Преку проектот ЕУ за општините, Ковачевски рече дека се потпишани договори за финансирање и кофинансирање на осум проекти во осум општини во вредност од 5,5 милиони евра, а кои се во насока на подобрување на условите за заштита на животната средина, за зголемување на мобилноста, подобрување на социјалните услуги и воведување е-услуги.

Премиерот, исто така, информираше дека се потпишани и договори за кофинансирање на 11 проекти со Албанија во вредност од шест милиони евра и 22 проекти со Грција за кои се обезбедени 7,6 милиони евра од ИПА.

Со годишната програма за инвестиции во култирата за 2022 година, Ковачевски рече дека се распределени средства во висина од 536 милиони денари и тоа за изградба и реконструкција на нови објекти, а дополнително со усогласувањето се минималната плата се овозможува соодветно валоризирање на трудот на културните работници.

Владата во првите 100 дена, според премиерот, покажа дека висок приоритет се заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живеење на граѓаните, и завршени се подготвителните работи и во тек е чистење на линданот од малата депонија во ОХИС, а дополнително во функција се ставени и две мерни станици за квалитет на воздух.

Обезбедена е поголема транспарентност и отчетност во трошењето на буџетските средства и јавните набавки, нагласувајќи дека, институциите сега имаат рок од 30 дена преку електронскиот систем и на своите веб страници да објавуваат информации за спроведените набавки.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе