Министерството за вонредни ситуации соопшти дека спасувачите извлекле од водата девет лица, од кои тројца мртви.
Во соопштението се наведува дека уште четворица се во критична состојба, а двајца се во тешка состојба.
Bus in Russia https://t.co/Da1LOYAqMe pic.twitter.com/v984TC4S8h
— Igor Sushko (@igorsushko) May 10, 2024
Руските медиуми првично објавија дека можеби имало околу 20 луѓе во автобусот кога тој ја пробил оградата и паднал во реката Мојка во центарот на градот.
На снимките од надзорните камери објавени од руските медиуми се гледа дека автобусот се движи брзо, нагло скршнува на мостот и се судира со друго возило пред да ја пробие оградата и да падне во водата.