Директорката на Инфективната клиника апелира да се почитуваат мерките

Стевановиќ: Од ковид-19 гледаме снимки каде нема бели дробови, се е бело и се прашуваме како пациентот дише

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во интервју за Канал 5 вечерва рече дека белиот мантил не смее да работи под притисок и уште еднаш предупреди дека мерките мора да се почитуваат. Д-р Стефановиќ посочи дека секоја смрт на пациент за нив е неуспех и болка. Таа посочи дека британскиот сој е многу пострашен и буквални ги брише белите дробови од ренген снимките и како што вели, пациентите немаат белодробје, односно се е бело и лекарите буквално се чудат како тие дишат.

„Добивам по 50 повици на ден од луѓе кои не знам како ме наоѓаат, но ете, успеваат. Невозможно е да ги исполниме желбите на сите оние кои сакаат болничко лекување. Секако дека во различен период е различен текот на болеста. Најтешка причина за смрт е кога ќе ви почине пациент за кој сте биле убедени дека ја поминал кризата. Тоа е најчесто онаа моментална смрт. Како лекари гледаме ренген снимки на кои немате белодробје и се чудите со што овој човек дише. Сме имале полесни пациенти кои не сте успеале да го спасите, но има и такви кои биле со тешка клиничка слика, а потоа сте го испратиле жив дома", вели д-р Стевановиќ.

Ранлива на британскиот сој е и помладата популација, вели д-р Стевановиќ, и додава дека специфичен лек за ковид-19 нема.

„Британски односно новиот сој, но за нас и не така нов, не само што побрзо се шири туку има потешка клиничка слика и за младата популација е ранлива. Болниците се полни. Специфичен лек нема, но умешност е трпеливото следење на пациентот. Се справуваме со потежок и поопасен вирус, со претходниот имавме поинакво искуство и веќе го научивме, но морам да кажам дека ковид-19 ќе биде сериозен предмет на Инфектологија. Дел од пациентите кои умираат не само што се помлади, туку немаат ни коморбидитети. Секако има и такви кои имаат коморбидитети, но не знаат, па ковид-10 само ќе ја влоши состојбата. Факт е дека пациентите сме ги добиле во исклучително здравствена, има и такви кои доцна доаѓаат, па има и нагло влошување на состојбата, но и смртен исход. За нас секој изгубен пациент е болка и неуспех. Незнаница е тоа што се случило со дел од пациентите, но ете, знаеме што се слушува како пациенти со хроничен дијабет, тромбоза...", вели д-р Стевановиќ.

Таа повторно испрати апел да се почитуваат мерките, и вели дека високата температура порано не беше толку специфична, но сега таа постои и знае да трае со денови.

Во врска со настанот кога за викенд двајца пратеници дојдоа во Собранието заразени во скафандер, директорката вели дека ако биле во скафандер тогаш не биле извор на инфекција или зараза,

„Не можам да дискутирам во оваа дискусија, бидејќи настанот не ми е познат, но сметам дека пред законот сме секако исти. Но, задачата која ја работиме секако е различна", истакна Стевановиќ.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе