Тирана

Стерјовски, пратеникот во албанското Собрание побара поголема грижа на државата за општина Пустец

Во обраќање во албанскиот законодавен дом, пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, откако направи пресек на ресурсите со кои располага општина Пустец, побара од албанската Влада поголема грижа и инвестиции.

Васил Стерјовски

„Не сакам да се занимавам со причините зошто последните 28 години општина Пустец, која е една од најубавите природни бисери, останува меѓу најсиромашните во земјата, но и напуштена од државата. Владата во соработка со локалната власт треба да инвестира во патната инфраструктура, водоснабдувањето, канализацијата, езерските плажи и развојот на селскиот туризам. Со развојот на општина Пустец и зголемување на бројот туристите, освен општина Пустец, бенефит ќе имаат и градот Корча, кој се наоѓа на 25 километри од Пустец. Општина Пустец нема доволно капацитети да ги смести за спиење туристите кои добар дел, ќе одат во хотелите во Корча“, посочи Стерјовски.

Според него, посебен развој за општина Пустец и зголемување на бројот на туристите, ќе донесе отворањето на граничниот премин Церје, меѓу Албанија и Грција, и асфалтирањето на патот од селото Зрноско до Церје.

„Ја охрабруваме Владата на Република Албанија заедно со грчкaта Влада да го следат примерот меѓу Македонија и Грција кои се договорија за отворање на граничниот премин Маркова Нога од другата страна на Преспанското Езеро и со европски фондови ќе ја градат инфрструкурата на овој граничен премин“, рече Стерјовски.

Одлични можности за развој на туризмот во општина Пустец, нагласи тој, се пријатната клима, Преспанско Езеро, националниот парк Преспа, граничниот премин Горица, можностите за риболов, пештерските цркви од 13 и 14 век, островот Мал Град заедно со пештерската црква Света Богородица од 14 век. Но, како што  посочи, општина Пустец се соочува со многу предизвици во развојот и има ограничени приходи да се справи со нив.

„Општина Пустец е административна единица на округот Корча и е најмалата општина во Албанија. Се состои од девет села и население од 5.200 жители. Во оваа општина живеат Македонци, кои се соочуваат со тешкотии поради невработеноста и минималното ниво на приходи. Во рамки на општината е и националниот парк „Преспа“. Општина Пустец има значителни човечки ресурси, продуктивен потенцијал и бројни средства кои овозможуваат одржлив економски развој на областа“, рече Стерјовски.

Тој ја истакна и невработеноста во оваа општина, каде, како што наведе, повеќето жители работат сезонски работи во Македонија и во Грција, дел се вработени во администрацијата на општината, образованието и здравството, неколкумина се занимаваат со трговија и угостителство, додека еден дел со земјоделство и риболов.

„Инфраструктурата во општина Пустец, вклучувајќи ја и патната мрежа, водоводната мрежа и канализацијата, не се многу развиени, особено ако се има предвид туристичката понуда. Патната мрежа во општина Пустец е многу уништена. Иста е ситуацијатаи со водоводот и канализацијата. Највпечатлив е проблемот со водата. Од деветте села во општина Пустец, само четири имаат водовод и тука е потребна реконструкција на водоводната мрежа, затоа што е амортизирана. Потребна е и изградба на канализациски системи. Само две села во општината, Пустец и Зрноско имаат канализациски системи“, рече Стерјовски.

Тој го наведе и проблемот со електричната енергија, која, како што рече, доаѓа со прекини, но и со слаб напон во времето кога ја има, што предизвикува прегорување на многу електрични апарати во домаќинствата, како и неработење на апаратите во Здравствениот дом во Пустец. За надминување на овој акутен проблем, Стерјовски рече дека е потребна итна реконструкција на електромрежата од Билишта до општина Пустец.

Васил Стерјовски во собраниската сала седна на 16 мај и стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Албанскиот Парламент попладнево на пленарна седница за член на Комисијата за надворешна политика го избра Васил Стерјовски, единствениот пратеник Македонец.

Македонските друштва во оваа земја го поздравија изборот на Стерјовски оценувајќи при тоа дека ако се има во предвид значењето на парламентарната Комисија ова е уште еден голем успех со кој се потврдува довербата кон Стерјовски и воопшто кон македонската заедница.

Парламентарната комисија брои 15 членови, а ја раководи Мими Кодели од Социјалистиката партија.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе