Македонскиот пратеник во албанскиот парламент изрази незадоволство

Стерјовски: На Македонците во Албанија им е потребна 24-чaсовна работа на преминот Џепчиште - Требиште

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, ја изнесе загриженоста на македонската заедница од областа Голо Брдо во врска со работата на граничнот премин Требиште – Џепиште. Тој потсети на договорот меѓу албанскаа и македонската држаба и побара овој премин да работи 24 часа и да биде отворен за Македонците кои не се само локално население од близината на границата.

„Во име на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, ја пренесувам загриженоста што ја покренаа жителите на македонската заедница од областа Голо Брдо на средбите што ги имав со нив, во врска со функционирањето на граничниот премин Требиште – Џепиште и потребата за негово 24 часовно функционирање. Функционира како заеднички граничен премин помеѓу Република Албанија и Република Македонија, кај Дебар и е дозволено движење само за лица од локалното население и не е дозволен премин за лица кои се жители на други области", рече Стерјовски.

Тој додаде дека преминот функционира 12 часа, но честопати жителите на Голо Брдо (поранешните општини Требиште, Острени и Стеблево) имаат неопходна потреба да се движат и после утврденото време, особено за итни медицински случаи кои се принудени да ги транспортираат во болницата во Дебар,што е многу поблиску.

Според Стерјовски, друг проблем за Македонците од областа Голо Брдо е што овој премин е од локален карактер и само за жителите од пограничниот регион на двете држави.

„Македонците кои живеат во Голо Брдо и на кои во личната карта им пишува дека се родени надвор од регионот на Голо Брдо, како на прмер во градовите Елбасан, Либражд или Тирана, не може да поминат на овој граничен премин. Овој проблем ќе се реши кога од локален премин од трета категорија, ќе премине во регионален премин од втора категорија", нагласи Стерјовски.

Тој посочи дека поради овие причини жителите на областа бараат 24 часовна работа на овој граничен премин.

„Ги повикувам албанската и македонската влада да им помогнат на жителите од областа Голо Брдо, да создадат услови и да овозможат овој заеднички граничен премин што побрзо да проработи 24 часа", побара тој.

Стерјовски потсети дека владите на двете земји на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа одлука за тоа, но оти „за жал оваа одлука сѐ уште не е реализирана".

Дека преминот е повеќе од потребно да работи 24 часа во повеќе наврати побара и Македонското друштво „Илинден"- Тирана и огранокот за Голо Брдо.

По долгогодишното барање на жителите од двете страни на границата, кои се и роднински поврзани, преминот беше отворен во 2013 година.Тој е од локален карактер, со заедничка полициска контрола и работи од 8:00 до 20:00 часот во летниот период и од 8:00 до 18:00 часот во зимскиот период.

МИА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе