Вашингтон

Стејт департментoт се надева дека ЕУ во мај позитивно ќе одлучи за Македонија и Албанија

Соединетите Американски Држави ја поддржуваат заложбата на Северна Македонија и Албанија за трансатлантска и европска интеграција. Ние сме разочарани што Европскиот совет не ги препозна реформските подвизи на двете земји и не одобри почеток на пристапни преговори, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот по одлуката на Европскиот совет да не ги почне пристапните преговори со Македонија и Албанија.

„Позитивна одлука ќе значеше потврдување на кредибилитетот на европскиот пат и силно ќе ги одбиеше злите актери кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница. Ние разбираме дека Европскиот совет не рече „не“ ниту за Албанија, ни за Северна Македонија, ниту ЕУ воспостави нови услови за отворање на пристапни преговори. Се надеваме дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за двете држави на Самитот идниот мај.

САД остануваат стратешки партнер на Северна Македонија и Албанија за да продолжат да го зајакнуваат владеењето на правото, понатамошните напори против корупцијата, развој на нивните економии и во борбата со организираниот криминал. Ние ги охрабруваме двете земји да останат доследни во градењето на транспарентно, базирано на правила, демократско општество кое одговара на потребите на граѓаните. САД ќе продолжат да работат со европските партнери за унапредување на споделените цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан“, соопшти  Стејт департментот.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе