Стејт департментот нотира кршење на правата на Македонците, Каракачанов вели што не признаат тие во САД дека има тексашко малцинство

Властите продолжуваат да ја одбиваат регистрацијата на активистичките групи на етничките Македонци како што се Организацијата „Илинден", Здружението на прогонувани Македонци, жртвите на комунистичкиот терор и Македонскиот етнички клуб за толеранција во Бугарија и покрај пресудата донесена во мај како и повеќе од 10 претходни одлуки донесени од Европскиот суд за човекови права, во кои се вели дека одбивањата ги повредуваат правата на здружување на горенаведените групи, се наведува во извештајот на Стејт департментот за Бугарија.

Во извештајот се додава дека на 1 октомври Советот на Европскиот комитет за превенција од тортура издал привремена резолуција со „длабока загриженост" до властите за „формалистичката примена на законските барања", која се однесува на постојаното одбивање за регистрација на Организацијата „Илинден" и слични такви организации од 2006 година.

„Во ноември 2019 година јавниот обвинител постапи по жалба на лидерот на ВМРО и воедно министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на двете здруженија, Цивилното здружение за заштита на основните индивидуални човекови права и античките Македонци, за создавање македонско малцинство . Главниот обвинител поднесе барање до судот за распуштање на здруженијата, обвинувајќи ги за политичка агенда што го загрозува единството и безбедноста на нацијата“, стои во извештајот на Стејт департментот.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов регаираше на ваквите забелешки на Стејт депарментот.

„Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите, а пишуваат така како што напишале. Да ги прашам тие никаквеци во американскиот Стејт департмент, каде видоа тие македонско малцинство? Тие земаат предвид некакви извештаи од соросоидни организации и невладини организации кои ги хранат за да плукаат на Бугарија. Какви репресирани Македонци има во Бугарија?“!, вели Каракачанов.

Според него Стејт депарментот си пишува некакви извештаи и прашува зошто во Америка не признаваат дека има тексашко или аризонско малцинство.

„Што сакаат нека пишуваат. Што не признаат тие во Америка дека има тексашко малцинство или аризонско малцинство. Не, затоа што нивната политиката е да ги интегрира сите и да ги направи Американци. Зошто тие да си ја зајакнуваат државноста а ние нашата да си ја разбиваме?, изјави Каракачанов. 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе