Стејт департментот е за почеток на преговорите на Скопје и Тирана со ЕУ, без одлагање

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс уште еднаш го потврди американскиот став за почеток на преговори на Македонија и Албанија со ЕУ, без одлагање.

Во објава на Твитер, Прајс вели дека САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување.

„Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс.

Инаку, пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Брисел и средбите со челниците на Европската Унија, РТС, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, јави дека Западен Балкан ќе биде една од темите за кои ќе се разговара, вклучувајќи ја евроинтеграцијата на Македонија и Албанија и дијалогот за нормализирање на односите Белград-Приштина.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе