Вашингтон

Стејт департмент: САД го поздравуваат историскиот договор за спорот за името, ќе зајакне регионалната безбедност

САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение, изјави портаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт.

„Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што беше побарано од двете земји, вели Нуерт во пишаната изјава што ја пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

Вашингтон изразува благодарност и до медијаторот Метју Нимиц, кој како што се посочува, 20 години посветено работеше за изнаоѓање решение.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе