Стејт департмент: Честитки за Заев и Ципрас - демонстрираа визија, храброст и упорност

Американскиот Стејт департмент им честиташе на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Зеев и го поздрави историскиот договор за решавање на прашањето за името.

„Ова решение е од корист на двете земји и ќе ја зајакне регионалната безбедност и просперитет. Премиерите Заев и Ципрас демонстрираа визија, храброст и упорност во напорите за изнаоѓање заеднички прифатливо решение“, се вели во изјавата на Стејт департментот.

Оттаму, исто така упатуваат пофалби за посветеноста на посредникот од ОН, Метју Нимиц за неговите, како што се вели, цврсти напори повеќе од две децении за окончубвање на спорот.

„Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што побараа двете страни“, се додава во изјавата.

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе