Годишен извештај

Стејт департмент: Бугарија и натаму не дозволува регистрација на здруженија на Македонци

Властите во Бугарија и натаму не дозволуваат регистрација на групите активисти на етнички Македонци, пишува во последниот извештај на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во светот. Оценката на Стејт департментот е дека бугарските власти преземаат чекори за гонење и казнување официјални лица кои ги прекршиле човековите права, но владините активности не се доволни и неказнивоста е проблем.

„Властите во Бугарија и натаму не дозволуваат регистрација на групите активисти на етнички Македонци, како што се ОМО-Илинден, Друштво на угнетени Македонци, Жртви на комунистичкиот терор и Македонскиот Клуб за толеранција во Бугарија и покрај судската пресуда во мај лани и повеќе од 10 пресуди од Европскиот суд за човекови права донесени претходно, според кои се прекршени правата на групите за здружување“, се наведува во извештајот на Стејт департментот во делот Слобода на здружување.

Притоа се потсетува дека на 1 октомври Комитетот за спречување тортура на Советот на Европа во преодна резолуција изрази „длабока загриженост“ поради „законските барања“ кои властите континуирано ги применуваат за да одбијат регистрација на ОМО-Илинден и слични здруженија уште од 2006 година.

Во однос на регистрирањето на здруженија на Македонци, исто така се наведува дека во  ноември 2009 година јавниот обвинител дејствуваше по жалбата на лидерот на ВМРО и министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на две здруженија-Граѓанско здружение за заштита на фундаменталните индивидуални човекови права и Антички Македонци да формираат македонско малцинство.

„Обвинителот побара од судот да ги распушти здруженијата, обвинувајќи за политичка агенда којашто е закана за единството и безбедноста на нацијата“, потсетува Стејт департментот.

Во извештајот за Бугарија уште се нагласува дека сериозни проблеми се случаите на „полициско насилство, произволно апсење, сериозни проблеми со независноста на судството, сериозни ограничувања на слободното изразување, вклучително и цензура во медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари, корпоративен и политички притисок врз медиумите“ и други.

Владата во Софија генерално ја почитува слободата на говорот, вклучително и печатот.

„Сепак, останува загриженоста дека корпоративните и политичките притисоци, во комбинација со растечката и нетранспарентна концентрација на мрежата на сопственост и дистрибуција на медиуми … значително го оштетија медиумскиот плурализам“, се нагласува во извештајот.

Во делот за Слобода на говорот се наведува дека законот предвидува од една до 4 години затвор за „говор на омраза“, при што како говор на омраза се смета поттикнување омраза, дискриминација или насилство врз база на етничка, национална, религиозна или  сексуална ориентација, брачен статус или попреченост. Во последните години зголемен е бројот на невладини организации кои наводно политички поттикнуваат говор на омраза, што е олеснето со присуството на националистички партии во владата.

Стејт Департментот нагласува во извештајот за неказнивост на службените лица во коруптивни практики, вклучително и мито, судир на интереси, злоупотреба на средства и кршење на правилата за јавни набавки.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе