Реакција

Ставовите на претседателот Пендаровски за 27 април не зависат од средбата со Мицкоски

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април ѝ се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, реагираат од кабинетот на Пендаровски на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дадена денеска во Делчево.

„Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани“, пишува во реакцијата од кабинетот на Педаровски.

Оттаму појаснуваат дека претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат.

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе