Сите земји имаат обврска да градат пријателство

Ставот на Макрон е внатрешен договор на Франција, но не треба да се откажуваме, порача Заев

Во врска со ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ, премиерот Заран Заев рече дека не треба да се откажуваме од пријателите, а Франција е токму тоа.

„За отпорот од Франција, претседателот Макрон сними и видео за да го охрабри народот. Она што се случи е внатрешен договор на Франција, која е наш пријател, а не треба да се откажуваме од пријателите. Сите земји имаат обврска да градат пријателство, а помалите како нас уште повеќе. Во Брисел буквално молев, ги молев европските лидери да не ги гаснат европските ѕвездички и да бидат нашите херои. Сега останува ние дома да го блеснеме нашето сонце кое ќе блесне толку силно и ќе пренесе полна енергија до таму", рече Заев во врска со ставот на Франција.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе