Анализа

Станови, фирми, автомобили... каква е имотната состојба на дел пратеници

Во предворје на предвремените параламентарни избори "Порталб" објавува податоци за имотната состојба на пратениците чиј мандат заврши со распуштање на деветтиот по ред параламентарен состав.

Овие податоци се важни бидејќи за 30 дена по престанокот на мандатот, сега веќе екс-пратениците се обврзани да достават нови Анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупција, по што ќе може да се направи споредба на имотната состојба и да се види колу пратениците се “збогатиле” или можеби “осиромашиле” за време на нивиот пратенички мандат.

Пратениците од „македонскиот“ блок –  пратеници од „имотни“ семејства, пратеници со „празни” транскациски сметки…

Во последната пријавена имотна состојба, сега веќе екс пратеничката Јагода Шахпаска од редовите на СДСМ, навела повеќе невижности, но за дел од нив не е посочена проценетата вредност. На име на сопругот пријавени се гаража со вредност од 170 000 денари, две парцели земјоделско земјиште за кои не е наведена сумата, стан и куќа со вкупна проценета вредност од 92 000 евра. Како личен имот, но без да се посочи сумата, Шахпаска пријавила дека поседува два стана во Битола, автомобил, помошни простории, помошни објекти, земјиште под објект, двор и гаража. На име на сопругот пријавен е кредит во износ од 1,6 милиони денари. Личниот имот, според податокот од Анектниот лист, Шахпаска го стекнала со наследство.

Земјиште, куќа, акции, депозити – сегашниот Анектен лист на досегашниот пратеник од редовите на Вмро – Дпмне, Илија Димовски покажува дека тој доаѓа од “поимотно семејство”. Како личен имот, Димовски пријавил дека поседува две парцели на земјиште во вредност од околу 13 400 евра, два автомобили со проценета вредност од 33 300 евра, акции во вредност од 75 000 денари, штеден влог за кој нема податоци и кредит за кој исто така нема податок и куќа за одмор со вредност од 58 500 евра. Родителите на Димовски, односно семејството поседува уште два парцели на земјиште, две куќи и стан со вкупна проценета вредност од околу 37 000 евра, а на име на родителите пријавени се и акции, штеден влог, автомобил и земјоделска дејност. Штеден влог е пријавен и на име на сестрата на Димовски.

Куќа од 140 м2 во Кавадарци со пријавена вредност од 156 000 евра – само ова е наведено како личен имот во Анкетниот лист на поранешниот пратеник Панчо Минов. Се останато е на име на сопругата или децата, па така семејството Минови поседуваат: стан од 96 м2 во Скопје со вредност од 7,7 милиони денари, два автомобили, акции, кредити, фирма и заем, а на име на родителите пријавено е лозје на површина од 7 300 м2.

Поранешниот пратеник на Вмро – Дпмне, Антонио Милошоски во Анкетиниот лист пријавил дека на име на децата има стан во Германија со вредност од 3 милиони денари, заеднички имот – стан со гаража и подрум, месечен додадток за трето дете во износ од 8 500 денари, а како личен имот во Анкетниот лист, Милошоски пријавил дека поседува камата од депозити, месечна кирија, надоместок како шеф на набљудувачка мисија во износ од 1,2 милиони денари, остварил и приход од скоро 3 милиони денари како резултат на продажба на стан, пријавил дека поседува и заштеда на транскациска сметка и приход од кирија од станот во Германија. Семејството има и кредит во износ од 80 000 евра.

Доскорешниот координатор на пратеничката група на СДСМ , Јован Митрески на свое лично име пријавил само кредит од 600 000 денари и удели во износ од 318 000 денари. На име на родителите и на споругата во сегашниот Анкетен лист пријавени се земјиште и градежно земјиште во Струга, куќа од 243 м2 во вредност од 4,5 милиони денари во Струга, куќа за одмор од 130м2 со проценета вредност од 600 000 денари, лозје, два автомобили, денарски депозит од 420 000 денари и кредит.

Во Анкетниот лист на екс-пратеникот Емил Димитриев останува впечатлива колекцијата на оружје што тој ја поседува. Поранешниот пратеник од редовите на Вмро-Дпмне поседува оружје со различен калибар во вредност од скоро 8 000 евра, уметнички и колекционерски предмети со вредност од 200 000 денари, стан од 107 м2 во Скопје со проценета вредност од 130 600 евра. Родителите на Димитриев поседуваат земјоделско земјиште со вредност од 3 милиони денари, куќа во износ од 6 милиони денари, а пријавени се и двете пензии. Сопругата на Димитриев поседува накит во вредност од 150 000 денари, 400 000 денари штеден влог и плата.

На штедна книшка 1 300 евра, кредит од 600 000 денари и кредитна картичка со 32 000 денари – ова како личен имот го пријавила сега веќе поранешната пратеничка Мира Сојчевска од СДСМ. На име на сопругот и на децата, Стојчевска пријавила: куќа од 162м2 во Делчево, куќа со двор и со земјоделско земјиште, стан од 33 м2 во Скопје, два автомобили, плата и кредитна картичка.

Поранешната пратеничка од Вмро-Дпмне, Благица Ласовска во сегашниот Анкетен лист  на име на сопругот пријавила  стан во Свети Николе со вредност од 400 000 денари и два автомобили во износ од 156 000 денари. Ласовска на свое име поседува куќа од 131м2, помошни простории, две парцели земјоделско земјиште, дополнително и земјиште и земјиште под објект, двор, автомобил и кредитна картичка.

Екс пратеничката од редовите на Социјалистичкта партија, Владанка Авировиќ на свое лично име пријавила само накит со проценета вредност од 180 000 евра и заеднички имот – уметнички и колекционерски предмети со вредност од 130 000 денари. На име на децата и на сопругот пријавени се куќа во изградба од 156 м2 во Скопје, куќа со двор од 140 м2 во вредност од 7 милиони денари во Скопје, четири автомобили и два кредити.

Пратениците од „албанскиот“ блок –  Некои со богати родители, други без трансакциски сметки…

Овој пратенички мандат, лидерот на ДУИ, пратеникот Али Ахмети, го напушта со пријавена трансакциска сметка на која има 758 500 денари. Во моменталниот Анкетен лист, како личен имот пријавена е куќа од 254 метри квадратни во село Зајас, со проценета вредност од 100 000 долари, земјоделско земјиште од 700 метри квадратни во Албанија во вредност од 30 000 долари и автмобил на име на споругата со вредност од 7 000 евра.

Фронтменот на ДУИ, пратеникот Артан Груби во постоечкиот Анкетен лист има пријавено стан во Скопје во вредност од 100 000 евра, два автомобили на негово име, од кои едниот Ауди А6 2011 година во вредност од 1 милион денари. Груби  на своите сметки, трансакциска и штедни книшки, има околу 12 400 евра. Во износ од 1 милион денари пријавил и легализација на надградба на имот. 

Во регистерот на ДКСК, досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, пријавил три Анкетни листови за имотната состојба поради трите различни јавни функции што досега ги обавувал. Како претседател на Парламенот, Џафери, заминува без пријавена транскациска сметка, а пријавени кредити во износ од 35 500 евра. Како личен имот, Џафери пријавил два автмобили и двата марка Ауди А6 2018 , куќа во село Форино од 340 метри кавдратни, стан во Скопје со вредност од 2 200 000 денари. Пријавени се и два автмобили на име на децата и плата во износ од 17 000 денари на име на сопругата.

Пратеникот и претседател на Алијанса на Албанците, Зиадин Села, во  сегашниот Анкетен лист пријавил куќа од 300 м2, земјиште од 3 190 м2 и шума од 15 157 м2 – сите во село Ливада, Струга. Од 2014 та година Села на свое име има кредит во износ од 610 000, а на трансакциска сметка му лежат 3 300 денари. Во Анкетниот лист фигурира и автомобил марка Јагуар со вредност од 10 000 евра. 

Две трансакциски сметки без салдо и два авотомобили со вкупна вредност од 13 000 евра. Ова како личен имот е пријавено во моменталниот Анкетен лист на пратеникот и претседател на Алтернатива,  Африм Гаши. На име на неговата сопруга пријавил накит со проценета вредност од 120 000 денари и автомобил од 166 000 денари, додека на име на неговите родители пријавени се стан во Скопје со проценета вредност од 40 000 евра, пензија како и земјиште и куќа во постапка на трансформација и легализација.

Пратеникот Фадил Зендели од Беса како личен имот во постоечкиот Анкетен лист, ги навел двата кредити во износ од 25 000 евра, земјиште во Ростуше од 1 077 м2, автомобил со пријавена вредност од 10 000 евра, додека на име на неговите родители пријавени се апартман од 60м2 во Гостивар и куќа од 450 м2 исто така во Гостивар. На име на сопругата пријавен е кредит во износ од 920 000 денари. 

Пратеничката Теута Биљали од Беса, според податоците од сегашниот Анкетен лист нема ништо на свое име – се што е пријавено е на има на родителите, освен автомобил со вредност од 430 500 денари, на име на нејзиниот сопруг.  Според податоците од Анкетниот лист, родителите на Биљали поседуваат голем број на недвижности со вкупна вредност од околу 3,5 милиони евра. Така , пријавено е дека нејзините родители поседуваат земјоделско земјиште со пријавена вредност од 145 000 евра, две куќи со деловен простор, двор, земјиште во износ од 280 000 евра и станбена зграда со земјиште во Тетово со површина од 1 024 м2 и пријавена вредност од скоро 3 милиони евра како и стан од 91 м2 во Тетово со вредност од 54 600 евра. Дoполнително, семејството поседува и две пасишта во Тетово.

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, според сегашните податоци, пријавил дека има две куќи, едната со двор од 13 000 000 денари во Тетово, другата со деловен простор и двор со пријавена вредност од 4 575 000 денари исто така во Тетово. Тачи на транскациска сметка има 141 500 денари, а на штедна книшка 103 356 евра, депозит во износ од скоро 53 000 евра има и неговата сопруга, која поседува и автомобил од 240 000 денари. Како пратеник, Тачи пријавил дека поседува кредит во износ од 861 000 денари како и побарување по основ на заем во износ од 22 300 евра.

Како пратеник од ДПА, Мерал Узеири Ферати, пријавил дека од недвижен имот нема ништо на свое име – се се води на сопругата. Семејството поседува деловен простор во Тетово со пријавена вредност од 50 000 евра, куќа во Тетово со површина од 300 м2 и вредност 250 000 евра, автомобил марка А6 со вредност од 360 000 денари како и два кредити во вкупен износ од скоро 25 000 евра.

Плац од 3 милиони денари и Ауди 6 на лично име пријавил пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците. Во сегашниот Анкетен лист на име заднички имот стекнат со наследство, семејството Рашиди поседуваат земјиште, ливада, лозје, шума а пријавен е и автомобил во вредност од 8 000 евра на име на брачен другар.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе