Брисел

Стано: Ставот на Бугарија за македонскиот јазик нема никакво влијание врз ЕУ

Откако јавноста се разбранува поради недообјаснети информации за бугарски „документ“ во ЕУ според кој преговорите треба да бидат условени со откажувањето од македонскиот јазик и малцинство, денеска се огласи самата Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во писмен одговор за МИА, Петер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, повторува како функционира носењето одлуки во Европската Унија.

„Европскиот совет едногласно ја одобри одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Ставот на ЕУ е јасно искажан во заклучоците на Советот. Еднострани ставови на земји-членки немаат влијание врз овие заклучоци“, напиша Петер Стано во одговор до МИА.

Минатиот месец земјите-членки едногласно дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија што е можно побргу и без ниеден дополнителен предуслов, за разлика од Албанија.

Практика во ЕУ е земјите-членки да имаат право да го искажат своето несогласување со некои делови од одредена одлука и да приложат свој документ во анекс за да остане запишано нивното мислење, но тоа нема правна тежина, ниту пак во овој случај ја менува на каков било начин одлуката на ЕУ да ги почне преговорите со Северна Македонија.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе